Цените на природниот гас во Европа достигнаа ново највисоко ниво. Фјучерсите за синото гориво пораснаа над границата од 1.200 долари за илјада кубни метри за прв пат, според „ICE Futures“.
Цената на ноемвриските фјучерси на холандскиот индекс „TTF“, најликвидниот европски центар, нешто повеќе од минута по почетокот на тргувањето, надмина рекордни 1.200 долари за илјада кубни метри.
Највисокото ниво на почетокот на денот беше 1.228,8 долари или 102,45 евра за мегават час, врз основа на тековниот курс на еврото во однос на доларот.
Минатата недела, цената на гасот во Европа за прв пат во историјата надмина 1.000 долари за 1.000 кубни метри.
Претседателот на управниот одбор на руската компанија „Газпром“, Алексеј Милер изјави дека силното заостанување во пумпањето гас во објектите во Европа и зголемената побарувачка доведоа до рекорден пораст на цените за овој вид гориво во Европа, што се очекува во блиска иднина да расте уште повеќе.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.