Дали вработените во Македонската филхармонија се изложени на притисок поради фејсбук статуси?

Објавил: Стефан Каневче | 4 мај, 2019 0:00

Цензура во Македонската филхармонија!?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вработена музичарка во Македонската филхармонија побара од редакцијата на магазин.мк да објави извинување поради изнесен личен став напишан на личен фејсбук профил, во кој вработената негодуваше на промената на името на институцијата во која работи.

Извинувањето е поради објавената информација на magazin.mk во врска со нејзиниот статус.

По 10 дена од редакцијата на магазин.мк побарано е објавата да биде симната од медиумот како и да се објави извинување кое го пренесуваме во целост:

Се извинувам на Националната Установа Филхармонија, бидејќи, без никаква намера да наштетам, објавив напис на својот личен ФБ профил на 24-04-2019год. и го повлекувам претходно искажаното во истиот.

Редакцијата на магазин.мк побара дополнителна информација од вработена виолончелистка дали имало притисок од раководството на Филхармонијата за објавеното извинување, но до овој момент нема одговор на нашето прашање.

Извинувањето е објавено и на личниот профил на вработената госпоѓа што предизвика уште поголем револт меѓу колегите кои изразуваат поддршка на колешката на која и е одземено правото на слобода на говор на личниот фејсбук профил обвинувајќи за диктатура, прекршување на правото на говор, заробената држава.

Не е познато дали претставниците на Синдикатот на Македонската филхармонија се запознаени со случајот и дали ќе ги заштитат своите колеги од притисоци и јавни извинувања за изнесените чувства кон своите матични институции.

Дали по секоја цена треба да се замолчат сите „непријатни“ теми за власта токму пред вториот круг за избор на нов Претседател на државата? 

Директор на Македонската филхармонија е Виктор Илиески, кој претходно беше претседател на Синдикатот за култура на Република Македонија, од каде што се повлече по назначувањето за директор од страна на поранешниот Министер за култура Роберт Алаѓазовски.

Како прв човек на Синдикатот, Илиески секогаш реагирал во заштита на правата на вработените во секторот култура. Се поставува прашањето дали и понатаму мисли да ги штити правата на вработените откако станал директор?

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Неговиот коментар доаѓа откако Мицкоски денеска во во интервју за ТВ Сител, коментирајќи ги нападите од поранешни сопартијци и функционери, потенцира дека тоа се луѓе што му помагаат на Зоран Заев.

Мијалков до Мицкоски: Состави Влада или понеси одговорност

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијаков го...

Ех драги мои затунцанки бивши соборци. Муви имате уште за лапање. Скријте се таму и удавете се во својата пизма и завидл'к. Со задоволство ќе ви помогнеме 

Апасиев: Затоа ме мразат поише од Грујо!

  Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кој e особено активен на социјалните мрежи,...

Никогаш не ја сфатив целта на таквиот став. Од една страна, поентата на граѓанскиот активизам е граѓанско учество во политичките процеси, а изборите во демократските општества се најелементарниот политички процес на директно граѓанско учество!

Богоевски: Апасиев нема да запре додека целата држава не му е под малото, фашистичко стопало

Без разлика на позитивните очекувања и довербата со која влеговме во коалицијата,...