Цената на американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денска е над 86 долари за барел, додека северноморската нафта брент се тргуваше по цена повисока од 88 долари за барел во исто време.

Објавил: Перо Милчин | 20 јануари, 2022 7:35

Цените на нафтата највисоки од 2014 година

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Цените на нафтата достигнаа највисоки нивоа од октомври 2014 година, како резултат на растечките геополитички тензии, намаленото производство и очекувањата за поголема побарувачка.

Инвеститорите се загрижени дека глобалните политички тензии во кои се вклучени некои од најголемите светски производители на нафта може да ги влошат ионака ограничените изгледи за снабдување.

Цената на американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денска е над 86 долари за барел, додека северноморската нафта брент се тргуваше по цена повисока од 88 долари за барел во исто време.

На првиот ден од оваа година цената на нафтата WTI беше нешто повисока од 75 долари за барел, а нафтата од типот брент чинеше помалку од 78 долари за барел.

Загриженоста за испораките се зголеми оваа недела откако јеменските Хути нападнаа цели во Обединетите Арапски Емирати.

Ова ги интензивираше непријателствата меѓу Хутите поврзани со Иран и коалицијата предводена од Саудиска Арабија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Д-р Вајт истакна дека има многу книги и особено филмови кои го „подготвиле“ човештвото за сè што преживуваме денес.

ИСПЛИВАА ДОКАЗИ: Германија знаела уште од 2012 дека ќе има ЕПИДЕМИЈА- ОВА Е ДОКУМЕНТОТ(видео)

Службен весник на Бундестагот, објавен 2013 година, бр. 17/12051 се осврнува на можните епидемии...

Министерот Османи веќе оствари средба во Берлин со шефицата на бугарската дипломатија Генчовска. Тој за ТВ 24 кратко одговори дека обидите за дијалог со Софија продолжуваат и кажа дека денеска

НОВИ БАРАЊА НА БУГАРИЈА ДО МАКЕДОНИЈА

Македонија е единствената држава во Европа која има министерство за помалите етнички...

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест главни светски валути, минатата недела зајакна за 0,9 отсто, на околу 104,60 поени и во еден момент достигна 105,01 поени, ново највисоко ниво од 2002 година.

Доларот значително зајакна во однос на другите валути

На светските берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна минатата...

„Скандинавските земји се како гостилници за терористичките организации“, рече Ердоган по петочната молитва во Истанбул.

Ердоган се противи на членството на Шведска и Норвешка во НАТО

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека нема „позитивно мислење“...