Богдана Ражнатовиќ, сопруга на кик-боксерот Велјко Ражнатовиќ, утрово се породи со царски рез во приватна белградска клиника и роди син, кого гордите родители го нарекоа Жељко, по покојниот дедо Жељко Ражнатовиќ Аркан.
Веднаш откако се роди, најмладиот Ражнатовиќ беше оценет како чиста десетка од страна на лекарите, а веста за раѓањето, освен неговите родители, ги направи горди и родителите на Богдана како и бабата Светлана Цеца Ражнатовиќ, како и тетките Наташа, Бојана и Анастасија.
Фолк sвездата Цеца Ражнатовиќ со месеци трпеливо го чекаше денот кога ќе стане баба, и почна да се подготвува за пристигнување на нејзиниот внук веднаш штом откри дека нејзината снаа Богдан е бремена. На крајот на декември минатата година, Цеца купи уникатен подарок.
Цеца купи уникатна лулка која е направена според посебни мерки, анатомски правила и материјали што се грижат за здравјето на бебето. Цеца ја нарача оваа специјална лулка во странство, а имајќи предвид дека е рачно изработена, таа за ова задоволство мораше да плати скапо – како што беше напишано, таа е бројка од дури неколку илјади евра.
Заедно со дизајнерот, Цеца работеше на дизајнирање на специјална лулка која е модерна и целосно анатомски прилагодена на новороденчето.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.