Забава
Интересно
Познатата српска пејачка која е во центарот на вниманието поради сите настани и убави моменти кои се случија во нејзиното семејство пред неколку дена ја прослави и својата куќна слава Свети Никола каде ги шокираше новинарите со една своја изјава.

Пејачката веднаш пред новинарите истакна дека особено и е драго што оваа година доби снаа, а воедно и убавата вест дека наредната година ќе стане баба.
– Секако дека мие драго што добив снаа, и чекам внуче а тоа е сосема природно. Најважно е каква е куќата, кога ќе дојдат гости каков е домаќинот, не се грижете моите гости никогаш не се гладни, рекла Цеца додавајќи дека Вељко е глава на семејството. Таа вели сите се глава на тоа семејство, и дека кај нив нема хиерархија и делба на главни и неглавни. Семејството работи на база на компромис и секогаш се наоѓа златна средина, открива Цеца за новинарите.
Во последно време Цеца организираше полно прослави а на прашање на новинарите што е следно, таа одговори следно е да се омажи.
– Па следно е да се омажам. Се шегувам, секако убаво е да се прославува, и на секој од нас да му се случуваат убави нешта, но животот е преполн со убави случувања и луѓето би требало да се радуваат. Јас сум пробала, знам како изгледа тоа, најдобар дел е кога жената ќе се омажи и ќе се чувствува како принцеза, а по моето созревање и искуство не барам такво нешто повеќе, има време, не се брзам среќна сум со своите деца. Организирав се како што треба и тука може да преноќи кој ќе посака, бидејќи ова е огромна куќа а сите во неа ми се пријатели.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Интересно
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.