Оваа вест одлично ги израдува и Вељко и Богдана и беа воодушевени од подарокот што доаѓа за неколку месеци.

Објавил: admin@magazin | 27 декември, 2019 20:29

ЦЕЦА СПРЕМИ ЗЛАТНА ЛУЛКА ЗА ВНУКОТ: Ќе изгравира златни букви, а поклонот чини големо богатство

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Иако семејството Ражнатовиќ ќе биде проширено во мај, подготовките за дочекувањето на новиот член, полека почнуваат.

Како што дознава курир.рс, Цеца ќе им подари на синот и снаата уникатна лулка, која е направена со посебни мерки, анатомски правила и материјали што се грижат за здравјето на бебето.

Вељко и Богдана се венчаа минатиот месец, а новиот член на семејството се очекува да пристигне во мај.

Оваа вест одлично ги израдува и Вељко и Богдана и беа воодушевени од подарокот што доаѓа за неколку месеци.

„Цеца имаше многу одговорност во подготовките на свадбата и славењето, така што сега кога се заврши, таа реши да се справи со пристигнувањето на нејзиниот внук.

Кога дознала дека Богдана е во блажена состојба, сакала да им подари уникатна лулка.

Цеца црташе со дизајнерот како ќе изгледа лулката и беше пресреќна, откри близок член на семејството.

Цеца се погрижи сè да биде совршено, па затоа детално му објаснила на дизајнерот како сака да изгледа и му нацртала посебни детали. На крајот, тој направи конечна верзија на нејзините скици “. рече изворот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.