Најново метео

Објавил: Сара Фемина | 17 април, 2021 13:15

ЦИКЛОНСКА АКТИВНОСТ НАД МАКЕДОНИЈА: ДОАЃААТ НОВИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – ЌЕ ИМА УСЛОВИ И ЗА ГРМЕЖИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Нашата држава се наоѓа под влијание на циклонска активност која условува доста нестабилно време.

Понатаму кон крајот на денов и во текот на ноќта на повеќе места ќе има врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи ќе има во западните и во северните предели каде локално ќе наврнат над 15 л/м2 воден талог.

На повисоките планини (над 1500 метри) и тоа особено на запад и на северозапад ќе има врнежи од снег. 

Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, додека во следните денови истите ќе бидат во постепен пораст.

Променливото време ќе се задржи и на почетокот од следната недела со повремени локални врнежи од дожд, додека на планините повремено врнежите ќе бидат од снег.

Локално ќе биде нестабилно и тоа особено во понеделник со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Повремено ќе има нешто повеќе облачност а особено во сабота ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

СТАБИЛНО И ТОПЛО ВРЕМЕ – ЗА ВИКЕНДОТ СЕВЕРЕН ВЕТЕР И МАЛ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ

Денес, како и во следните денови продолжува периодот на претежно стабилно, суво и сончево...

Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од југозападен правец. Температурите ќе се движат во интервалот од 18 до 26 степени.

ПРОДОЛЖУВА ПРЕТЕЖНО СТАБИЛНОТО И ТОПЛО ВРЕМЕ – МАЛ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ

Денес времето ќе биде умерено, локално и позначително облачно а ќе има услови и за...

Повремено и локално ќе има нешто повеќе облачност а само утре ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретка појава на грмежи.

НАЈНОВИ МЕТЕО ИНФОРМАЦИИ: ПРОДОЛЖУВААТ РЕЛАТИВНО ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ

Продолжува периодот на претежно стабилно, суво и релативно топло време. Односно времето...

Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ со поинтензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени.

АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ДЕНЕС ПОПЛАДНЕ УСЛОВИ ЗА ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ – ОД УТРЕ ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ

Денес претпладне времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност....