Ципрас посочи дека се горди што сега гледаат дека еден по еден пратениците од владејачката партија се обидуваат да го вразумат Мицотакис, да не размислува и да не ја посакува перспективата „да победат истомислениците националисти во соседната земја“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 ноември, 2019 11:18

Ципрас: Горди сме што го решивме спорот и го потпишавме Договорот од Преспа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот премиер на соседна Грција и лидер на опозициската партија СИРИЗА, Алексис Ципрас за време на расправата за новиот закон за азил во грчкиот Парламент, говорејќи за националните прашања, се надоврза и на Договорот од Преспа, и истакна дека тие се горди на решавањето на деценискиот спор меѓу двете земји, а паралелно упати критики и до актуелниот претседател на грчката влада, Кирјакос Мицотакис во однос на договорот, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас истакна дека е горд на потпишувањето на Договорот од Преспа

– Да, горди сме за овој договор бидејќи денес грчките воени авиони кои го надгледуваат воздушниот простор на Северна Македонија, а не турските воени авиони, како што ќе беше ако не го преземевме овој историски чекор. Горди сме бидејќи го одбранивме патриотскиот интерес онака како што во тој период оцени мнозинството од Парламентот. Горди сме што дури и денес, кога соседната земја е во тешка ситуација, ние сме тие кои преземаме иницијативи во корист на стабилност во соседната земја, додека грчката Влада на Самитот ги набљудуваше Данска и Холандија како се занимаваат со Западен Балкан – кажа Ципрас.

Ципрас посочи дека се горди што сега гледаат дека еден по еден пратениците од владејачката партија се обидуваат да го вразумат Мицотакис, да не размислува и да не ја посакува перспективата „да победат истомислениците националисти во соседната земја“.

– Затоа што тогаш, гледам вашиот лидер ќе го моли лидерот на ВМРО да не случајно го отфрли договорот што го потпишавме – рече поранешниот грчки премиер.

Ципрас го критикуваше Мицотакис дека претходно го навредуваше договорот а сега истакнува дека ќе се придржува до него.

– Вие кои го навредивте, го клеветевте, го поделивте грчкиот народ за прашањето за името, за по изборите да речете дека ќе се придржувате и ќе го почитувате Договорот од Преспа, истакна Ципрас.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Билјана Беличанец-Алексиќ во периодот од 2013 до 2017 година ја извршувала функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода. Таа беше актерка во Драмскиот театар Скопје и мајка на две деца.

ЕДНА ГОДИНА ОД СМРТТА НА БЕЛИЧАНЕЦ- Туфи никогаш нема да биде заборавена!

Пред една година на денешен ден Македонија ја потресе веста за смртта на една од најпознатите...

Џонсон бил сместен на интензивна нега поради „постојани симптоми на коронавирус“, јавува Даунинг стрит.

ВЛОШЕНА СОСТОЈБАТА НА БОРИС ЏОНСОН: Британскиот премиер итно пренесен на интензивна нега!

Британскиот премиер Борис Џонсон е сместен на интензивна нега поради корона вирусот. Премиерот...

Бабата на претседателот Стево Пендаровски, мајката на неговата сопруга Елизабета, починала вчера, а посмртно беа земени брисеви за вирусот Ковид-19.

Излегоа резултатите од тестот за коронавирус на бабата на претседателот која почина вчера!

Денеска од кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски информираа дека...