Грчкиот премиер вели дека во исто време, грчките, а не турските, воени авиони „се оние кои го надгледуваат воздушниот простор на соседната земја, која е стратешки сојузник“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 јуни, 2019 10:21

Ципрас: Договорот од Преспа е голем успех и горд сум на тоа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, во интервјуто за државната телевизија ЕРТ за Договорот од Преспа вели дека е горд што конечно се постигнал договор помеѓу Македонија и Грција,јави дописичката на МИА од Атина.

Ципрас потврди дека предвремените парламентарни избори во Грција ќе се одржат на 7 јули.

Донесовме тешка политичка одлука, одлука која што не се осмелија да ја донесат моите претходници, спротивно на струјата на популизмот и иако имаше влијание и политичка цена во цела Грција, горд сум за ова.Морам да признаам дека беше смела и тешка политичка одлука, но за која сум горд. Горд сум и јас, и мојата влада и секако, сигурен сум дека е горд и тогашниот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, што и се спротивставивме на струјата од тој период за да го одбраниме националниот интерес, бидејќи сите оние кои сметаа дека ќе биде централната тема во предизборната конфронтација, не беше, и не беше бидејќи не изгубивме никаква Македонија, не само што не изгубивме туку се надгради престижот на земјата, рече грчкиот премиер и истакна дека сега земјата е во позиција да може да се насочи кон истокот „каде што е и вистинската опасност“вели Ципрас.

Грчкиот премиервели дека во исто време, грчките, а не турските, воени авиони „се оние кои го надгледуваат воздушниот простор на соседната земја, која е стратешки сојузник“.Тој вели дека постои и влијание и политичка цена, но не во северна Грција како што некои очекуваа и предвидуваа, туку во целата земја, бидејќи Договорот од Преспа ги фрли во сенка позитивните економски владини мерки.

-Горд сум, но сметам дека имаше влијание. Може не се гледа во северна Грција, но имаше во цела Грција. Бидејќи во клучниот период кога земјата излегуваше од меморандумите и земјата дишеше, а јас на Меѓународниот саем во Солун, како премиер, прв пат по осум години најавив позитивни мерки, создаде клима на политичка конфронтација и поларизација, широка поларизација, во која преовладуваше идентитетската, а не економската тема, што во втор план ги стави закрепнувањето, просперитетот и надежта што по големи тешкотии конечно дојде за земјата. Што значи дека ни направи штета. Имаше политичка цена, но не цена на поделба меѓу север и југ, како што некои прогнозираа, туку постоеше на ниво на цела Грција, објасни Ципрас, пренесе МИА.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Весникот, исто така, наведува дека инфекцијата во БиХ се зголемила за 75%, а во Србија за 125%, во која се наведува дека подрачјето било заштедено од вирусот корона долго време, така што инфекцијата одеднаш ќе започне драстично да се зголемува.

ЗОШТО БАЛКАНОТ Е ПОВТОРНО НА УДАР НА КОРОНАВИРУСОТ: Анализа на германскиот весник укажува само на едно!

Германскиот Шпигел се занимава со обновениот пораст на бројот на случаи на коронавирус...

Според податоците на Министерството за здравство и Институтот „Трампилин“, во моментот има 86 пациенти на респиратори.

НАЈНОВ КОРОНА БИЛАНС ВО СРБИЈА: За 24 часа 325 ново заразени од КОРОНА, осум лица починаа!

Во последните 24 часа, 7.434 лица биле тестирани за вирусот на корона во Србија, од кои...

Првaта е дека е забрането влегување во затворени простории без маска, каде ќе треба да се почитува растојанието од 1,5 метри, додека сите што користат јавен превоз ќе треба да носат маски, за што ќе бидат предвидени одредени санкции. Покрај тоа, ќе биде забрането да се соберат повеќе од сто луѓе во затворено и повеќе од 500 на отворено. Работата на угостителите ќе биде ограничена и нема да работи помеѓу 11 и 6 часот наутро.

ВО БЕЛГРАД ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Ова се мерките кои треба да се почитуваат наредните две недели!

Денес е прогласена вонредна состојба на територијата на Белград, како што претходно...

Од правец на Бугарија, патниците ќе влезат во Грција преку граничниот премин Промахонас, додека влезот од другите гранични премини со оваа земја, влезот ќе биде дозволен само во одредени услови.

ГРЦИЈА ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ГРАНИЦИ: За овие две држави забранет е влез во државата- сите ќе бидат тестирани за коронавирус!

По неколкудневните дискусии во рамките на Европската унија, формиран е список на земји...