Како Ципрас го аргументира договорот со Македонија:
Клучно е што македонската страна ги прифати сите главни грчки барања, македонската држава е деноминирана, а тоа ќе има последици и врз секој граѓанин, илјадници семејства, но и под диктат на Атина се менува вековната македонска историја.
“Со завршувањето на преговорите постигнуваме спогодба со ПЈРМ, Грција си ја враќа својата историја, историјата на древна Македонија, која порано ја присвои владата на соседната земја“, објасни Ципрас.
Што се добива со Спогодбата?
1.Спогодбата во целост одговара на националната линија за сложено име (на Македонија) со географска одредница за севкупна употреба (во сите прилики и за сите потреби);
2.Прифаќањњто на „ерга омнес“ е голема победа за Грција, затоа што во минатото не беше прифатетно ни како основа за дискусија. Тоа значи дека нашите соседи не само што договореното име ќе го користат во своите меѓународни односи, во меѓународните организации, на меѓународни форуми, туку и внатре во земјата;
3.Името „Република Северна Македонија“, кое во ншата земја ќе биде признато како „Северна Македонија“ (без превод) става точка на иредентизмот кој се подразбираше со името „Република Македонија“;
4.Нашиот сосед треба веднаш да пристапи кон уставни промени;
5.Уставната ревизија е голема победа за Грција затоа што не беше опфатена со нацоналната линија која беше утврдена во последните 20 години од владите на ПАСОК и на Нова демократија. Никогаш порано немаше согласност Република Македонија да го смени Уставот;
6.Спогодбата и овозможува на Грција да пристапи кон ратификација дури по завршувањето на уставната ревизија. Повикот да се приклучи кон НАТО и ЕУ ќе биде отворен по ратификацијата во Собранието (на Македонија), додека нејзиното членство ќе биде по уставната ревизија;
7.Со оваа ја враќаме нашата историја, симболите и нашата традиција, затоа што со Спогодбата нашиот сосед прифаќа раздвојување на грчките Македонци и нивните антички грчки култура, јазик и регионот во кој живеат од народот на таа земја и неговата историја, јазичните и културните карактеристики;
Името ќе биде ргистрирано во македонскиот Устав со неопходна уставна ревизија. Истовремено повеќе од 140 земји која земјата ја признаваат под „Македонија“ ќе ја признаат како „Северна Македонија“;
9.Името целосно ја одвојува таа земја од грчка Македонија и нејзините три региони (источна, централна и западна);
Крајот на иредентизмот се потврдува на најофицијален начин затоа што е експлицитно загарантирано и недвосмилено дека ќе го елиминираат, спречуваат и искоренуваат секоја вид иредентистичка реторика и активности, било да се јавни или на приватни тела;
Обезбедено е да се избришат сите иредентистички референци од Уставот на соседот. На пример,
а) ќе биде заменет членот за поддршка на нивната дијаспора со доследно пренесување на соодветните поглавја во грчкиот Устав. Во тој контекст ќе бидат отсранети референците за заштита на „македонското малцинство“ во соседните земји;
б) ќе биде заменет членот за заштита на границите така што ќе бидат исклучени било какви наводи;
в) ќе бидат остранети дури и сите индиректни историски референци од преамбулата на Уставот;
Во Спогодбата се утврдува дека државјанството во Северна Македонија ќе биде ‘Macedonian/citizen of the Republic of North Macedonia’. Грција ќе признае „државјанство на граѓаните на Северна Македонија“. Се забележува дека терминот „државјанство“ се разликува од етничка припадност. Соодветно на тоа, Спогодбата не признава термин националност, туку право на самоопределување на граѓани на соседната земја.
Иако јазикот како „македонски“ е признат од Грција под покровителство на ОН уште од 1977г. Спогодбата содржи дополнителна формулација која јасно содржи дека е тоа јазик од семејството јужнословенсјки јазици со јасен опис со кој тој јазик се одвојува од грчката култура и од грчко-македонското јазично наследство;
15.Сите епитети на државни и пошироките јавни институции, како и иселенички/културни организации финансирани од држават ќе се одредуваат со терминот „Северна Македонија“ со истовремено отстранување на терминот „Македонија“;
16.Се формира работна група на експерти која ќе се занимава со прашања на трговската заштитни ознаки од 2019г. Во рок од три години;
Член 7 од Договорот
1.Страните признаваат дека нивното разбирање на двете страни дека термините „Македонија“ и „Македонски/Македонец“ се однесуваат на различни историски контексти и културни наследство.
2.На првата страна тие термини и значат не само подрачје и население на северниот регион на првата страна, и нивни карактеристики, туку и грчка култура, историја, културно наследство на тој регион од антиката до денес.
Што се однесува до Втората страна, тие термини подразбираат територија, јазик, население и карактеристики на нејзината историја, култура и наследство кои се разликуваат од тие во членот 7(2).
Втората страна напоменува дека нејзин службен јазик, македонски јазик, припаѓа на групата словенски јазици. Двете страни забележуваат дека службениот јазик и другите карактеристики на Втората страна не се во врска со древната грчка култура, историја, културни наследство на северното подрачје на Првата страна.
Ништо во овој Договор нема за цел на кој било начин да се потцени или измени или влијае на граѓаните на која било страна.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.