Поранешниот грчки премиер изнуди силни аплаузи и овации од присутните кога во обраќањето се осврна на Договорот од Преспа, особено во делот во кој ја обвини актуелната влада за хипокризија и демагогија, но и за „импресивно салто“ во конкретното прашање.

Објавил: Перо Милчин | 15 септември, 2019 10:14

ЦИПРАС: “Преспанскиот договор е договор што вреди да се почитува од секоја влада во Грција”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Онаму каде што навистина господинот Мицотакис и Владата се надминаа себе си во хипокризија и демагогијата е Договорот од Преспа, порача лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во неговиот говор во рамки на 84. Меѓународен саем во Солун, jави дописничката на МИА од Атина.

Поранешниот грчки премиер изнуди силни аплаузи и овации од присутните кога во обраќањето се осврна на Договорот од Преспа, особено во делот во кој ја обвини актуелната влада за хипокризија и демагогија, но и за „импресивно салто“ во конкретното прашање.

Рече дека за конкретното прашање, претходната влада била навредувана и притисната да дава објаснувања, затоа што го одбранила „националниот интерес и мирниот соживот со соседите“.

Алексис Ципрас е роден на 28 јули 1974 во Атина — грчки политичар кој беше Премиер на Грција, член на парламентот на Грција, претседател на Синаспизмос и шеф на парламентарната група СИРИЗА.

Се осврна и на ланските протести пред конференциската сала „Велидио“, каде што секоја година се одржува саемот, прашувајќи се каде се сега, „борците за Македонија“ (македономахи), јавува МИА.

И денес оние кои ги толерираа собирите на наводните „македономахи“ и наводни патриоти- навистина каде се сега? Оваа година никој не ги виде пред „Велидио“. Оние кои лани нè навредуваа, оние кои ги толерираа нападите со молотов врз домовите на пратениците кои гласаа во Парламентот, оние кои договорот го нарекуваа предавнички, штетен договор. Сега истите тие доаѓаат и велат дека не само што ќе го спроведат, не само што ќе се придржуваат до верно спроведување, туку и ќе го почитуваат. Да, ќе го почитуваат. И им велиме, многу добро ќе направите што ќе го почитувате. Тоа е договор што вреди да се почитува од секоја влада, но на овој начин правите, вашето салто да изгледа поимпресивно од тоа што навистина е, порача поранешниот грчки премиер во неговото обраќање.

Ципрас истакна дека Мицотакис, за време на неговиот говор на свеченото отворање на саемот во Солун минатата сабота не кажал ниту збор дека благодарение на Договорот од Преспа, Грција е примена во Берлинскиот процес, како и во кинеската иницијатива 16+1, што стана 17+1, дека благодарение на договорот, „процвета трилатералните и квадрилатералните соработки“, а Солун има надградена улога на Балканот.

Лидерот на СИРИЗА и поранешен грчки премиер, за време на неговиот синоќешен говор во Солун, го претстави нивниот алтернативен план за економијата и општеството, упати критики до актуелната влада, а се задржа и на автокритиката и грешките кои тие ги направиле во изминатите четири и пол години додека беа на власт.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Локалните власти контактирале со блиски членови на нејзиното семејство, со цел да им се понуди каква било помош доколку им е потребна.

УБИЕЦОТ И ГИ СКРАТИ СОНИШТАТА: Викторија дипломираше на факултет имаше и две сестрички

Младата девојка Викторија Н. која синоќа несреќно го загуби животот во ужасната сообраќајка...

Се бара и еден помлад асистент за данок на добивка, со истите квалификации како и претходникот, со или без работно искуство во струката, и истата плата од нешто повеќе од 30 илјади денари. Тој треба да биде Албанец.

УЈП распишала оглас и за еден виш даночен референт за даночно сметководство, кој треба да има најмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно - економско, трговско или дактилографско и најмалку две години работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде 22.739 денари, и тој треба да биде Албанец.

Се бара и еден асистент за анализа на ризик и планирање на контроли, со Економски или Правен факултет, со најмалку една година искуство во струката. Неговата плата ќе биде 33.322 денари, а согласно годишниот план на УЈП тој треба да биде Турчин според етничката припадност.

УЈП ќе прима и помлад систем администратор, со високо образование од областа на електротехниката, компјутерската техника и информатика, или информатка, со или без работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде околу 30 илјади денари, а според етничката припадност треба да биде Албанец.

Во Управата ќе се прима и еден помлад даночен оператор во повикувачки центар, со најмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно – економско, стопанско или трговско, со или без работно искуство во струката. Ќе зема плата од нецели 20 илјади денари, а според етничката припадност треба да биде Ром.

Потоа, во огласот се бараат тројца помлади асистенти за услуги во приемна канцеларија, со високо образование од областа на јавната управа и администрација, или правни науки или политички науки, со или без работно искуство во струката. Платата на сите овие тројца нови кадри ќе биде нешто над 30 илјади денари, а согласно годишниот план треба да бидат Албанци.

УЈП вработува и еден самостоен даночен агент за услуги во приемна канцеларија, сонајмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно – економско, техничко или трговско, со најмалку три години работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде 29.179 денари, а според етничката припадност треба да биде Србин.

Македонија мајка за Албанците а маќеа за Македонците

Македонските граѓани во својата сопствена држава постанаа граѓани од втор ред! Пред...

Оваа препорака на Комисијата треба да се најде на Кризен штаб во понеделник, а во вторник веќе треба да биде на седницата на Влада.

Скратување на изолација од десет на седум дена, препорача Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести препорачува изолацијата на лица позитивни од Ковид-19...