Тој посочи дека претседателот Заев и СДСМ отворија ново прогресивно поглавје во историјата на Северна Македонија, но и на европскиот Балкан и дека таквото поглавје базирано на соработка, економски напредок и социјална правда, може да продолжи само со СДСМ и Зоран Заев на чело на идната влада.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 јули, 2020 18:59

Ципрас упати поддршка до Заев и СДСМ со цитати од Конески и Мартиновски

Фото/Текст извор: ©прес 24

Алексис Ципрас, поранешниот премиер на Грција и претседател на грчката партија Сириза денеска преку видео упати порака со поддршка на претседателот Зоран Заев, СДСМ и коалицијата „Можеме“, објавува Прес 24.

Имено Ципрас во своето видео кое беше позтавено на социјалните мрежи ги цитира македонските поети Блаже Конески и Владимир Мартиновски.

Тој посочи дека претседателот Заев и СДСМ отворија ново прогресивно поглавје во историјата на Северна Македонија, но и на европскиот Балкан и дека таквото поглавје базирано на соработка, економски напредок и социјална правда, може да продолжи само со СДСМ и Зоран Заев на чело на идната влада.

Алексис Ципрас е роден на 28 јули 1974 во Атина — грчки политичар поранешен Премиер на Грција член на парламентот на Грција, претседател на Синаспизмос и шеф на парламентарната група СИРИЗА

Во продолжение, интегрален текст од обраќањето на Алексис Ципрас:

Пред две и пол години го запознав Зоран Заев. Го препознав во него истото она што го покажуваат многу други лидери. Дека тој не зборуваше за минатото, туку за иднината. Тој не зборуваше за проблеми, туку за решенија.

Тој не ги изразуваше балканските несигурности на мала европска земја која се плаши да ја изгуби својата историја, тој ја искажа европската визија за самоуверена балканска земја која се бори за создавање историја. Не историја со војни, нетолеранција и сиромаштија, туку ново прогресивно поглавје во историјата на Европски Балкан, базирано на заемна почит, соработка, толеранција, економски развој и социјална правда. Иднина во ЕУ и во НАТО, како што избра народот на Северна Македонија.

Три години не се доволни за да се исполнат очекувањата на една земја, но како што докажаа Зоран Заев, Никола Димитров и социјалдемократите, доволни се за да ја сменат судбината засекогаш. Има уште многу работа во ова ново поглвје од историјата и таа може да се направи само под водство на прогресивен и храбар лидер како Зоран Заев.

Пред многу години, вашиот голем поет Блаже Конески напиша:

„Уште рика истата мака во мене,

дека сум роден во смачкано племе,

сејач на глуво семе“ .

Но, во последните две години откако го потпишавме Преспанскиот договор, слушам различна песна на надеж, од новата генерација на Северна Македонија.

Владимир Мартиновски вели:

„Купете две векни мир и семе, да го израснеме назад загубеното време.“

Па, и јас, заедно со оваа нова генерација, велам, на 15-ти јули, купете две векни мир и семе, да го израснеме назад загубеното време.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во Охрид само петмина пазарни инспектори работат да ги казнат оние што не ги почитуваат протоколите, а на помош викендов им дошле и колегите од Скопје и од Гостивар.

Поднесени две кривични за забавите на Градиште!

Поднесени се 2 кривични пријави за забавите организирани во Градиште, на плажите 2 и...

Согласно податоците од Министерството за финансии заклучно вториот квартал од 2020 јавниот долг изнесува 59,5%, додека државниот долг 50,7%, што споредено со претходното тримесечје повеќе за 8,9 процентни поени.

Мицкоски: Државата ја втурнуваат во црвената зона на презадолженост, долгот достигна 59,5%

Државата ја втурнуваат во црвената зона на презадоженост. За само три месеци владата...

Собраниските служби,пак, се подготвуваат согласно мерките за заштита од коронавирусот за одржување на конститутивната седница во големата сала со купола каде што ќе биде обезбедено соодветно растојание меѓу пратениците, собраниските службеници и други лица кои треба да се присутни. Гласовите на оваа седница ќе се бројат рачно, а веројатно и на тие потоа, имајќи предвид дека во неа нема инсталирано систем за гласање.

Џафери ја напушта Инфективна, можно е да ја води конститутивната седница

Денеска претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери, кој беше хоспитализиран...