"Иредентистичките елементи ќе бидат избришани"

Објавил: admin@magazin | 18 јули, 2018 22:51

Ципрас уште еднаш дециден околу договорот: Македонско малцинство нема (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©Мкд

Договорот ги признава релевантните одлуки на ООН од 1977 година, кога јазикот на нашите соседи беше регистриран како македонски, но со договорот има дополнителна и јасна формулација дека јазикот му припаѓа на семејството на јужнословенските јазици. Како што е наведено во Договорот, ова јасно го одделува од грчко-македонското јазично наследство и грчката цивилизација, вели Алексис Ципрас, грчкиот премиер во изјавата објавена на неговата интернет страница.

Во пошироката изјава Ципрас ги толкува точките од договорот кои, според него, значат нивна голема дипломатска победа и исполнување на црвените линии поставени од надворешната политика на Грција.

„Договорот, исто така, предвидува дека државјанството во патните документи на нашите соседи нема да се пишува како досега, „македонски”, туку „македонски/граѓанин на Северна Македонија”.

Грција ќе го признае државјанството на соседните граѓани како „граѓани на Северна Македонија”.

Сепак, од огромно значење за нас е тоа што нашите соседи ја презедоа одговорноста од Уставот да ги отстранат сите елементи што можат да се толкуваат како иредентистички.

На пример, термините за македонското малцинство се елиминираат, како и потребата за нивна заштита.

Од членот за заштита на границите ќе бидат избришани проблематичните референци кои се вклучени. Конечно, сите историски и иредентистички референци ќе бидат отстранети од преамбулата на нивниот Устав“.

Тој потсети дека ако уставните измени не бидат успешно завршени, поканата за влез во НАТО ќе биде откажана, а преговорите за членство во ЕУ нема да почнат.

На овој начин, Грција целосно ги штити своите интереси и не се откажува од нејзините релативни предности во процесот на преговори.

Длабоко сум убеден дека овој Договор претставува важна дипломатска победа и голема историска можност. Грчката влада целосно ги штити сите свои црвени линии, сите црвени линии на нашата национална позиција, бидејќи оваа позиција е воспоставена во текот на последните 20 години“, рече Ципрас.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

посета на Лабуништа, претседателите Села и Гаши сс упатија на плоштадот Струга, од родниот град на претседателот Села, од каде се обрати до лидерите на двете  најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, одговарајќи на Заев и Мицковски за нивната идеја за размена на пратеници

Села до Заев и Мицковски: Ако направите македонска влада, ние ќе направиме албанска влада

На вчерашниот митинг пред жителите на Струга, коалицијата „Сега е време“  одржа...

Се обврзуваме на високи и стабилни субвенции за земјоделците и модернизација на земјоделскиот сектор, крупни инвестиции во патната, енергетската и комуналната инфраструктура, реализација на голем број на проекти за младите во сите сегменти на
нивното живеење.

МИЦКОСКИ: Обновата ќе донесе проекти кои ќе го подобрат животниот стандард на сите граѓани

Во следните четири години ќе се заложиме за заштита на животниот стандард на пензионерите...