Поранешниот претседател на Црна Гора,  Филип Вујановиќ изјави дека иницијативата „Мини Шенген“ е погрешна терминолошки, како и дека регионалната интеграција може да се постигне само доколку учествуваат сите шест земји од регионот,  јави дописникот на МИА од Белград.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 март, 2020 18:33

Црвенковски: Преспанскиот договор предизвика разочарување и горчлив шок кај народот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешнниот „Копаоник бизнис форум“ поранешни високи официјални претставници на земјите на Западен Балкан оценија дека иницијативата „Мини Шенген“ е добра за граѓаните и економската интеграција во целиот регион на Западен Балкан (ЗБ), но некои земји не учествуваат заради суетата и сметаат дека е тоа е врзување за Белград.

Активната политичка кариера на Бранко Црвенковски започнала во 1990 година, кога станал член на Претседателството на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).Во текот на својата политичка кариера бил премиер на Македонија во периодот од 1992 до 1998 и од 2002 до 2004 година, како и претседател на Македонија од 2004 до 2009 година. На третите вонредни претседателски избори во Република Македонија, одржани по загинувањето на претседателот Борис Трајковски, во вториот круг одржан на 28 април 2004 година Бранко Црвенковски беше избран за шеф на државата.

Поранешниот претседател на Црна Гора,  Филип Вујановиќ изјави дека иницијативата „Мини Шенген“ е погрешна терминолошки, како и дека регионалната интеграција може да се постигне само доколку учествуваат сите шест земји од регионот,  јави дописникот на МИА од Белград.

Чинот е добар, но начинот е лош. Тоа е идеја што е „нарушена“ при создавањето на нешто што им е потребно на сите, изјави Вујановиќ.

Дел од денешниот бизнис форум беше и поранешниот македонски претседател Бранко Црвенковски. Тој постави прашање дали постои барем една рационална причина зошто граѓаните од регионот не би патувале поевтино, полесно би се вработувале и занимавале со бизнис.

Оваа иницијатива треба да создаде една структура како дел од европските интеграции. Без оглед на тоа што мислиме, да сме лидери на регионот, ние мора да разбереме, од гледна точка на Брисел, Берлин, Париз, дека при градење на долгорочна стратегија, таа се прави за ЗБ, а не за одделни земји, кажа Црвенковски.

Црвенковски посочи дека пред 10 години, кога Македонија имаше проблеми со Грција, се до пред две години кога беше потпишан Преспанскиот Договор, ЕУ и давала препораки на Македонија, дека земјата не може да ги започне преговорите сè додека не се реши спорот со Грција. Црвенковски посочи дека откако се потпиша договорот тоа предизвика големо разочарување кај македонскиот народ.

Тогаш беше направен горчлив и тежок компромис и кога тоа се случи, настана горчлив шок, изјави Црвенковски.Се испостави дека ЕУ не држи до својот збор и не ги исполнува своите ветувања, истакна тој, додавајќи дека тоа испраќа лош сигнал за решавање на други отворени и тешки прашања како што е односот меѓу Белград и Приштина, но и структурата на власта во БиХ.

Црвенковски вели дека без оглед на тоа дали ЕУ е подготвена да ги отвори вратите за земјите од Западен Балкан, сепак реформите мора да се спроведат.

Без оглед на ставот на ЕУ, што ќе одлучи, дали местото на Западен Балкан е во ЕУ, ние мора да продолжиме со реформите и да го продолжиме европскиот курс за доброто на граѓаните и нивната иднина, оцени Црвенковски.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во врска со најавата на Заев за оставка ако не победи Шилегов за градоначалник, Петковски објаснува дека градоначалничката позција не е поврзана со позицијата на Владата.

Петковски: Неодговорна е изјавата на Заев дека ќе си поднесе оставка ако не победи Шилегов

Партиите изгубија, граѓаните добија на овие локални избори, вели Тито Петковски, во...

Директорот на МЕПСО објаснува дека во такви случаи се презема енергија од европската мрежа и досега земјава тоа го наравила четири пати без најава и добила четири предупредувања од Центарт во Швајцарија каде што се прават пресметките.

Директорот на МЕПСО за Телма: Трошиме двојно повеќе струја отколку што произведуваме, за октомври ќе треба да ѝ платиме на Европа 15 милиони евра

Директорот Куштрим Рамадани открива дека земјава четири пати без најава презела електрична...

Ковачки цитираше и дел од брифинзите, а потенцира и оти биле давани насоки и се договарани и физички пресметки како и закани по живот за прилепчани.

СКАНДАЛ: Полицајци блиски до СДСМ договарале малтретирање на граѓани за изборите

Полицајци блиски до СДСМ следеле членови на ВМРО-ДПМНЕ за време на изборната кампања....