
Живот
Здравје
Црешата е особено корисна против болестите на бубрезите и другите уринарни органи, снажен борец е против хипертензијата, а се користи и како моќен диуретик.
Според познавачите на народната медицина, црешата е одлична за концентрација, помнење, како и физичка и ментална исцрпеност.
Оосбено е делотворна кај лицата што патат од ревма, па затоа лекарите препорачуваат луѓето кој имаат проблеми со ревма и други болести на зглобовите секојдневно да пијат по три чаши свежо исцеден сок од цреша.
Црешата според истражувањата го намалува количеството на мочна киселина и ги смирува воспаленијата. Антицијанидите кој ги има кај црешата се одличен извор за козметички ефект кај жените.
Тие ги уништуваат штетните ензими кои се наоѓаат во кожата и со тоа го спречуваат настанувањето на целулитот, го затегнуваат сврзното ткиво, а и штитат од карцином.

Црешата е позната уште од праисторијата, кога за неа знаеле луѓето од бронзеното време, поточно 2000 години п.н.е. Во VIII век п.н.е. црешата веќе била припитомена и луѓето ги користеле нејзините плодови. Се смета дека првите цреши биле огледувани на територијата на Мала Азија и Грција. Покрај тоа што се користи во човековата исхрана, плодовите ги јадат и животните и на тој начин придонесуваат за размножувањето на црешата во природата.
Црешата е широко распространета во средниот и западниот дел на Европа, на Балканот, Апенинскиот и северниот дел на Пиринејскиот Полуостров.
Ја има и на Средоземјето, но се сретнува поретко. Во најјужните делови на Европа расте на нешто поголеми надморски височини. Во Азија може да се најде на Кавказ, Крим и во делови на Мала Азија.
Црешата има големо значење како земјоделско растение, затоа што е припитомена и е едно од најзастапените растенија во овоштарството поради своите вкусни плодови, што се користат во свежа и преработена состојба.
Денес со вештачка селекција и облагородување е создаден голем број сорти кои се многу чести овоштарски култури во целиот свет. Бројни се причините за тоа: не бара посебна конструкција во текот на одгледувањето, не бара многу при кроењето, а отпорна е на многу болести.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.