Мрачни прогнози од директорот на Националниот институт за алергии и заразни болести во интервју за Си-Ен-Ен, во кое се вели дека компјутерските модели генерално ги преценираат крајните бројки, но дека во САД ќе има „милиони случаи“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 март, 2020 11:58

ЦРНА ПРОГНОЗА ОД АМЕРИКАНСКИ ЕПИДЕМИОЛОГ: Милион Американци ќе бидат заразени од Коронавирус!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Милиони Американци ќе бидат заразени со вирусот, а би можеле да умрат помеѓу 100.000 и 200.000 луѓе во Соединетите држави, изјави денеска водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи.

Мрачни прогнози од директорот на Националниот институт за алергии и заразни болести во интервју за Си-Ен-Ен, во кое се вели дека компјутерските модели генерално ги преценираат крајните бројки, но дека во САД ќе има „милиони случаи“.

Тој рече дека претседателот Доналд Трамп, по консултацијата со Белата куќа, се откажал од карантин во Њујорк.

Соединетите американски држави станаа ново жариште на коронавирусот откако бројот на заразени со Ковид-19 се искачи на повеќе од 100 илјади. Најпогоден од вирусот е Њујорк, каде во изминативе два дека починал по еден жител на секој триесетина минути. 
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека стравува за бројката на загинати од коронавирус за која вели дека се очекува да се зголеми и  да достигне дури 100 илјади починати.

До денес, 125.000 луѓе се разболеле во Соединетите држави, а 2,200 починале.

Трамп и покрај тоа шт САД стана жариште на Коронавирусот, упорно изразува чудење за обемот на епидемијата, како во светот така и во САД.

“Јас би рекол дека тоа е нешто што го изненади целиот свет. Никој не знаеше дека пандемијата или епидемијата до оваа големина ќе еруптира”, рече Трамп на прес-конференцијата на почетокот од овој месец.

Во друга прилика, Трамп рече: „Јас само мислам дека е нешто што никогаш не би помислил дека ќе се случело“.

Сепак, постојат докази дека администрацијата на Трамп била алармирана за можноста за пандемија и опасност за Американците и дека добила план да постапи против тоа,меѓутоа тој веднаш го отфрлил.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Иницијатор за поднесување на барањето е д-р Алемпијевиќ, професор по судска медицина на Медицинскиот факултет во Белград, а него го поддржаа уште шест колеги и еден лекар во пензија.

НЕСТОРОВИЌ ОСТАНУВА БЕЗ ДОКТОРСКА ЛИЦЕНЦА: Ќе поднесам тужба!

Против проф. Д-р Бранимир Несторовиќ, член на Кризниот штаб за борба против коронавирусот,...

Според АП, тој оценил дека „во американската историја е без преседан толку мал број на корпорации кои контролираат толку голема сфера на човековите интеракции“.

ТРАМП ПОТПИША УРЕДБА ЗА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Имаа неконтролирана моќ да цензурираат, ограничуваат, креираат и кријат!

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ со кој се ограничува заштитата...