Клиничкиот центар во Крагуевац за 24 часа прими 11 пациенти заразени со вирусот корона, од кои шест се од Крагујевац, двајца од Батошина и по еден пациент од Јагодина, Звечан и Рашка.

Објавил: Сара Фемина | 12 јули, 2020 15:53

ЦРН РЕКОРД ВО СРБИЈА: 287 новозаразени лица од корона вирусот, 11 мртви

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во последните 24 часа биле тестирани 4.050 лица за вирусот на корона во Србија, од кои 287 биле позитивни, а за жал 11 лица починале. Во моментов има 144 пациенти на респиратори.

Присуството на вирусот КОВИД-19 беше потврдено во геронтолошките центри во Обреновац, Матарушка Бања, Рума, Крагуевац, Домот Бежаниска коза, како и Службата за домашна помош на геронтолошкиот центар Белград.

Клиничкиот центар во Крагуевац за 24 часа прими 11 пациенти заразени со вирусот корона, од кои шест се од Крагујевац, двајца од Батошина и по еден пациент од Јагодина, Звечан и Рашка.

Слободан Милисавjевиќ, раководител на Одделот за пулмологија при Клиничкиот центар Крагуевац, за агенцијата Бета изјави дека 177 пациенти во моментов се хоспитализирани во болницата, од кои 107 се потврдени дека имаат инфекција со корона вирус, а 48 од нив чекаат на тест резултат.

Тој додаде дека меѓу пациентите, 28 од нив се негативни за вирусот на корона, но нивната клиничка слика „укажува на ковид“ и тие се во таква состојба што треба да се лекуваат во здравствена установа.

Според Милисавjевиќ, од вкупниот број хоспитализирани, 13 од нив се на респиратори, од кои двајца пациенти се на неинвазивна вентилација. Тој рече дека повеќето од пациентите се млади и средовечни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Србија

Досега Приштина разменуваше информации со Европол преку мисијата ЕУЛЕКС, така што овој договор е уште еден прст во окото на Белград од администрацијата во Брисел.

ЕУ ВО ЧЕТВРТОК ПЛАНИРА УЛТИМАТУМ ЗА СРБИЈА: Признавање на Косово и членство во ООН!

Преставниците на администрацијата во Брисел во четврток практично ќе и стават на маса...

Лончар истакна дека здравствениот систем има доволно медицински персонал, без оглед на обемот на работа на болниците и замореноста на вработените.

ЛОНЧАР: 550 здравствени работници во Србија се заразени со корона, од кои 50 се во болница

Министерот за здравство, Златибор Лончар, соопшти денеска дека 550 здравствени работници...