
Македонија
Вести
Од штипскиот затвор денеска се пуштени на отпуст од 30 дена петмина осуденици кои беа осудени за настаните од 27 април 2017 во Собранието..
Од затворот информираат дека од денеска со прекин на казна од 30 дена со потпис на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, се Јане Ченто, Александар Јаневски-Тошка, Оливер Поповски, Митко Чавков и Митко Пешев, а на 25 јули на слобода ќе излезе и Душко Лазаров исто така со прекин на казна од 30 дена.
Пандов на прес-конференцијата не спомена имиња ниту точна бројка на осуденици чиишто барања ги одобрил, но тврди дека немал право да ги одбие, бидејќи биле поткрепени со медицинска документација.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.