
Македонија
Вести
Митко Чавков, поранешниот директор на БЈБ, на својата Фејсбук страна, денеска го реобнови видеото кое беше објавено уште во 2017 година.

Чавков уште на 28 ми април пред две години изјави дека актуелниот премиер Зоран Заев, тогаш лидер на СДСМ, упатил директни закани кон него.
-Што се однесува до директните закани кои кон мене ги упати лидерот на опозицијата Зоран Заев, сакам да му порачам дека јас целата моја кариера ја поминав служејќи и на државата и сум се соочил притоа со многу сложени безбедносни предизвици. Сум работел професионално во полза на Република Македонија и во полза на граѓаните на Република Македонија. Затоа му порачувам дека ниту ме загрижува, ниту пак може да ме заплашат неговите закани и актуелните закани од криминални структури, со кои тој е во спрега. Неговите закани и неговото недолично однесување, повеќе говорат за него и за начинот на кој што тој делува, изјави тогаш Чавков.
Видеото беше објавено на официјалниот профил на Чавков.
Секако пресудите за 27 април беа тема која на вчерашниот дуел ја опфатија премиерот Заев и Мицкоски, каде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ говореше токму за овие закани иако премиерот се правеше како вакво нешто да не се случило.
-Па вие му се заканивте да бега од државата на Митко Чавков на 28-ми април 2017-та година, тоа го има на прес конференција каде вие го кажувате сето ова, потенцираше Мицкоски.
Чавков беше осуден со 18 години затворска казна, за настаните на на 27-ми април на казна затвор од 18 години.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.