Иако во Статутот на ЗНМ јасно стои што е мнозинство и како се бира претседател, новиот Управен одбор се повика на своето правно толкување и одлуката донесена со консензус

Објавил: Мартин Попоски | 18 декември, 2018 12:34

Чадиковски е претседател на ЗНМ, Стаутот го толкува кој како ќе стигне

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Управниот одбор вчера на конститутивна седница едногласно донесе автентично толкување на одредбите од Статутот на ЗНМ, кои се однесуваат на одржаното Изборно собрание.

Според толкувањето претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, е легитимно избран со мнозинство гласови од редовните членови присутни во моментот на гласањето.

Освен ова, Управниот одбор констатира дека за време на одржувањето на Собранието не беше пристигнат ниту еден приговор за процесот на гласање од страна на присутните членови, ниту од страна на членовите на верификационата и изборната комисија.

Од ЗНМ велат дека сите засегнати страни што имаат каков било сомнеж во однос на изборната процедура може да ги употребат достапните правни лекови.

На конститутивната седница присуствуваа сите членови на Управниот одбор и сите одлуки беа донесени едногласно. Одлуката за потврдување на легитимноста на изборот на претседател на ЗНМ се донесе со консензус на сите членови на Управниот одбор, а претседателот Младен Чадиковски се иззема од гласањето. На седницата беше предложена и едногласно избрана Фиљана Кока за заменик претседател на Здружението на новинарите на Македонија. -соопштија од ЗНМ.

Управниот одбор повикува на консолидација на членовите со цел, како што велат, да се одржат достоинството и единството како клучни принципи за заштита на интересите на сите членови на ЗНМ.

Управниот одбор констатира дека за сите мислења е потребен зајакнат и институционализиран форум за дебата, со оглед на фактот дека и двајцата кандидати за претседател своите програми ги темелеа на поголема вклученост на членството во работата на Здружението преку предложени секции. УО предлага да се разговара со сите засегнати групи во еснафот и формирање секции кои ќе ги претставуваат интересите на тие специфични групи. – се вели во соопштението од ЗНМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева пред малку излезе од ОЈО каде беше на распит за случајот „Рекет“. Како што рече таа, била повикана во својство на сведок.

СВЕЧЕН ПРЕЧЕК: Вилма и Катица се гушкале и целивале кога се сретнале денес во обвинитeлството!

Новинарот Миленко Неделковски на својот Фејсбук профил објави ексклузивна информација...

Од досегашните контакти, адвокатот вели дека Боки 13 нема сериозни забелешки за условите во притворот.

АДВОКАТИТЕ НА БОКИ-13: „Лаги написите дека кај неговата мајка има докази против Заев”

Првосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, во притвор „се држи“ подобро...