Серијата и трагањето по вистината натераа илјадници туристи од целиот свет да се упатат на местото на најголемата нуклеарната катастрофа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 јуни, 2019 15:47

Чернобил “стана туристичка атракција: Серијата го заживеа местото на најголемата несреќа во историјата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По завршувањето на најгледаната серија  „Чернобил“ која буквално ги сруши сите рекорди на гледаност, ова место стана вистинска атракција.

Серијата и трагањето по вистината натераа илјадници туристи од целиот свет да се упатат на местото на најголемата нуклеарната катастрофа.

Чернобил може да се пофали со голема посетеност особено во летниот период. Илјадници луѓе од светот наместо на тропските плажи се упатија на местото на најголемата нуклеарна катастрофа на електраната Чернобил.

По катастрофата која се случи во 1986-та година, во градот Припјат, нема веќе ниту еден жител. Се што било создадено е оставено онака како што било, а сите  600.000 жители, се евакуирале,па само вреемто остана да сведочи за овој немил нстан .

Инаку Чернобил е отворен во 2011-та за туристи, но до сега таму одеа само групи авантуристи.

Инаку, за посета на туристите постојат строги правила- движење со водич во група и тоа само во места кои се претходно проверени. Но, ништо во градот не смее да се допира или пак да се носи дома за спомен. Турата чини од 80 до 130 евра, заинтересираноста е огромна.

Чернобилска несреќа е најголемата несреќа во историјата на нуклеарните централи и до денес единствен случај на седми степен на нуклеарен настан според Меѓународната скала на нуклеарни настани.

На 26 април 1986 во 01:23:40 часот (22:23:40 по UTC) во нуклеарната централа во Чернобил , Украина дошло до експлозија. По првата, дошло до ланец од неколку експлозии и пожари кои создале радиоактивен облак во атмосферата кој потоа се раширил над широк географски регион. Радиоактивниот облак бил 30-40 пати поголем од оној што настанал над Хирошима.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Денеска во Австралија илјадници ученици излегоа  на улиците на поголемите градови , како најава за протестот што ќе се одржи во целиот свет и во кој младите бараат од политичарите да преземат итни мерки против климатските промени.

Протест против климатските промени ширум светот- масовна излезеност во Австралија, милиони се очекуваат во Њујорк

Во околу 150 земји ширум светот младите ученици организираат протести против климатските...

Тој присуствува на состанокот на Воениот комитет на НАТО, кој се одржал во Љубљана минатата недела, а теми на средбата биле Авганистан, Ирак и Косово.

НАТО во паника: Американски генерал јавно признал: Русија не престигна, итно ни е потребна нова тактика

НАТО ја губи воената предност над Русија, поради што е покрената редефиниција на стратегијата...

Интересно е тоа што оваа апликација ги синтетизира сите податоци пријавени во реално време од дирекцијата за јавната трансформација, а шефот на државата има пристап до активностите на целиот владин тим на Едуар Филип.

Макрон со помош на апликација ги контролира своите министри и нивната активност

Францускиот претседател Емануел Макрон користи апликација со која има пристап до...