Антикорупциска ја донела одлуката без да му овозможи на Иванов да изложи своја одбрана

Објавил: Перо Милчин | 22 септември, 2019 17:28

ЧЕСНОСТА ПОБЕДУВА: Ѓорге Иванов ја доби Антикорупциска на Управен суд!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот претседател, Ѓорге Иванов, ја доби тужбата пред Управен суд против Комисијата за спречување на корупција, која отвори прекрошна постапка против него за унапредувањето на генерали пред претседателските избори.

Трите управни судијки Лидија Ивановска, Тања Терзиева и Едита Насковска му ја уважија тужбата на експретседателот на државата, Ѓорге Иванов, за пријавата на Антикорупциската комисија во врска со унапредувањето на армиските генерали за време на изборите, објави А1он.

Иванов преку aдвокатското друштво Лазов и Бадева, поднел тужба на решението на Државната комисија за спречување на корупцијата, а судот го поништил решението на антикорупционерите. Причина за поништувањето на решението на ДКСК е тоа што немало докази дека за време на избори на унапредените генерали им биле исплатени повисоки примања и поради фактот што Иванов немал можност да се брани во контрадикторна постапка, а не му било доставено решението, туку само објавено на веб-страницата на комисијата.

„Судот не можеше да утврди дали тужениот орган прибавил докази дека дошло до исплата на повисоки плати, во смисла на одредбата од член 34 од Законот, и истите да се цитирааат во оспорената одлука. Врз основа на утврдување на овој факт ќе се утврди дали постои индиција на прекршување на одредбите на Изборниот законик“, пишува во пресудата.

Сега Антикорупциска во повторна постапка треба да го повика Иванов и да ги испита тужбените наводи преку примена на принципот на контрадикторност.

„Судот утврди дека тужениот орган при водење на постапката не го почитувал Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и не го повикал тужителот на денот на одржувањето на јавната седница, со што го повредил начелото на еднаквост во постапката, и му го ускратил правото да ги изнесе аргументите поткрепени со факти и докази“, стои во образложението на пресудата.

Антикорупциската комисија поднесе прекршочни пријави против претседателот Ѓорге Иванов за указите од 25 февруари, со кои, тој го унапреди началникот на Генераштабот на АРМ, Васко Ѓурчиновски, во чин генерал-потполковник и изврши промена на три командни генералски места во АРМ.

Со новите укази претседателот Стево Пендаровски тројца вработени во Армијата ги разреши од позициите на кои ги постави Иванов, а на двајца им ги потврди позициите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Според направените моментални анализи зимата 2019/2020 во нашиот дел од Европскиот Континент ќе биде во границите на просекот со просечни или типични температури на воздухот за тој дел од годината с

ДЕТАЛНА МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА ЗИМА 2019/2020: Врнежи од снег и снежна бајка во зимскиот период!

Со оглед на тоа дека десетиот месец од годината полека поминува а за дестина дена навлегуваме...

Највисоката температура во октомври годинава е измерена во Гевгелија од 32,6 степени, додека максималната измерена досега на ова мерно место е 35,4 степени. Максимално измерените темпратури во периодот од 1951 до 2018 година за октомври се 34,5 степени во Демир Капија, Штип 34,1, Скопје 33,6, Струмица 32,2, Прилеп 32,3, Битола 31,8, Крива Паланка 31,3, Охрид 28,9, Берово 31,5, Маврово 27,3 и Лазарополе 27,4 Целзиусови степени.

УХМР најавува екстремно топло време – еве што не очекува до крајот на октомври

Екстремно топло со потпросечни врнежи се карактеризира времето во втората половина...

В сабота и в недела не’ очекува сончев и топол викенд со максимални температури до 28 степени в сабота и до 29 степени в недела. Топлото и сончево време ќе продолжи и в понеделник, кога повторно се очекува максимална температура, невообичаена за вората половина на октомври, од 30 степени.

Времето денеска – до максимални 30 степени

Времето денеска, според УХМР, ќе биде сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец....

Минималните температури понатаму ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 13 степени додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Ниските температури во САД го носат индијанското лето кај нас!

Кривец за индијанското лето кај нас кое условува многу високи температури на воздухот...