Она што е воздухот за телото, тоа е слободата за човечката душа и „колку еден народ има поразвиено самосозание, толку повеќе тој ја цени слободата”.

Објавил: Сара Фемина | 8 септември, 2019 10:13

Честитка од БИГОРСКИ МАНАСТИР по повод 8-ми септември Денот на независноста!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Републиката до сите граѓани упати „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир.

-Братството на Свештената Бигорска Обител на сите граѓани на Република Македонија, радосно и срдечно, им го честита Денот на независноста. Вечен им спомен и слава на сите македонски родољупци и слободољупци. Бог нека ни ја сочува Татковината вечна и нека им вдахне родољубие на сите наши политичари, стои во честитката.

Во честитката се вели дека 8-ми септември 1991 година ја возгласи на целиот свет вистината дека Македонија е достојна за дарот на слободата и за самостоен државен живот.

Бигорски манастир Свети Јован Крстител (или Свештена Бигорска Обител) — манастир кој се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требиште, по течението на реката Радика во западна Македонија.

Според Бигорскиот поменик, манастирот бил основан од страна на монахот Јован во 1020 година, а во XVI век манастирот бил разрушен од страна на отоманската власт и од целиот комплекс останал само како мала црква. Од помениците исто така се дознава дека манастирот бил повторно обновен во 1743 година, од страна на јеромонахот Иларион кој бил и првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Претседателот Александар Вучиќ (49) денес постхумно го награди покојниот крал на народната музика, Шабан Шаулиќ, со златен медал за заслуги.

Шабан посмртно одликуван со златен медал за заслуга: Вучиќ го врачи со звукот на песната “Дојди да остариме заедно”

Србија го одбележува денес, утре, Денот на државноста, во спомен на 15 февруари 1804 година,...

Традиционално, на 14 февруари се врши обредното закројување на лозјето, а некои овој ден го сметаат за последен од зимските и за прв од пролетните празници.

ДЕНЕСКА Е СВ ТРИФУН ЧУВАРОТ НА ЛОЗЈАТА: Празникот на виното и градинарите

Православната црква го слави св. Трифун како поим за младост и доследност кон христијанските...

„Паразит“ го победи македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов во категоријата за најдобар странски филм.

ОСКАРОВСКО ЛУДИЛО ВО ЛОС АНЏЕЛЕС: Погледнете кој беа добитници на Оскарите

Оскарот за најдобра режија на 92. доделување на наградите на Американската академија...