Македонија
Вести
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар.
Денеска католичките верници според Грегоријанскиот календар го празнуваат Католички Божиќ. По тој повод Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов упати честитка,на сите луѓе кои денеска го слават овој празник.
-Рождеството Христово – Божик како еден од најсветлите и највозвишените денови во христијанството го симболизира новиот живот кој значи нов почеток и нова надеж. На овој важен ден имаме можност да се потсетиме на основните човечки вредности, да бидеме достојни верници и чесни луѓе, да живееме во хармонија и да шириме радост, љубов и добрина. Да направиме сè и на овие празници различностите да не зближат, а вредностите кои нè обединуваат да бидат силата со која се движиме и работиме. Во духот на долговековната традиција, посакувам празничните денови да ги минете во пријатна атмосфера, во кругот на најблиските исполнети со љубов и топлина. Нека ве следи добра мисла, Божикен и човекољубив дух, стои во честитката од претседателот Иванов.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.