Денеска д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје рече дека малолетното девојче било првиот смртен случај асоциран со грип оваа сезона.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 февруари, 2020 15:49

Четиринаесет годишно девојче почина на Клиниката за детски болести

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера на Клиниката за детски болести почина 14- годишно девојче како последица од компликации од грип.

Денеска д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје рече дека малолетното девојче било првиот смртен случај асоциран со грип оваа сезона.

Инаку девојчето имало и други хронични заболувања.

Кузмановска рече дека бројот на заболени од грип бележи зголемување, и објави дека во текот на изминатата недела во државава се регистрирани 3.614 заболени од грип што е зголемување за 27,9 отсто споредено со неделата пред неа кога биле регистрирани 2.825 заболени.

Меѓу заболените има и потешки случаи и најчесто тоа се мали деца, лица со хронични заболувања и повозрасни лица.

– Ги имаме и на Инфективната клиника и на Детската клиника. Во текот на изминатата недела не е регистриран смртен случај, потенцира д-р Кузмановска. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Пристигнати се 4-5 патници од места оддалечени 1 000 километри од Вухан, но, како што вели министерот за здравство Венко Филипче, немаат никакви симптоми и дадени им се насоки што треба да прават доколку им се јават.

Филипче: Ако добиеме заболен од коронавирус, има болнички дел во одделение на Инфективната клиника

Досега кај нас немало патници со индиции за специфично тестирање од коронавирус, вели...

Од таму велат дека се преземени приоритетни чекори и претставници на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство од минатата недела континуирано информираат за состојбата со коронарниот вирус.

Во Македонија нема причина паника за корона вирус- ситуацијата е целосно под контрола

Северна Македонија ги следи препораките од Светската здравствена организација во...

илипче рече и дека од утре ќе биде отворен телефонски број на кој ќе можат да се јават луѓето кои доаѓаат од регионот Вухан и кај кои можат да се јават симптоми за да не одат кај матичен лекар и амбуланти.

ФИЛИПЧЕ: Нема корона во Македонија- Патници од Истанбул и Дубаи ќе се скенираат со термални камери

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека од утре ќе се скенираат со термална...

Од ИЈЗ посочуваат дека се очекува пораст на активноста на вирусот и достигнување пик на сезоната на грип во текот на следните недели.

Регистрирани 1.100 заболени од грип- меѓу нив и четири деца

Во периодот од 13 јануари до 19 јануари во државава се регистрирани 1.100 заболени од грип....