Министерот за здравство Венко Филипче кој беше во посета на повредените пациенти хоспитализирани на КАРИЛ, попладнево изјави дека четворица од повредените се во тешка состојба со висок степен на изгореници.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 февруари, 2020 15:37

Четири лица повредени во експлозијата во Романовце се со висок степен на изгореници

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Голема трагедија ја потресе денеска Македонија, откако животот го загубија три деца на возраст од 8, 9 и 11 години , а седум лица се повредени во пожарот кој настана по експлозија на плинска боца во село Романовце, Куманово.

 

Вчера во 10:00 часот во село Романовце,кумановско во куќа сопственост на Ш.А. при експлозија на плинска боца настанал пожар во кој три малолетни лица на возраст од 8, 9 и 11 години починале на местото на настанот, а шест лица се пренесени во Општа болница Куманово каде им се констатирани тешки телсени повреди но поради сериозноста на повредите истите се префрлени во Комплекс клиники„Мајка Тереза“. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Куманово. Известен е јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово е упатена на местотот на настанот со цел утврдување на причините кои довеле до несреќата – информира МВР.

Министерот за здравство Венко Филипче кој беше во посета на повредените пациенти хоспитализирани на КАРИЛ, попладнево изјави дека четворица од повредените се во тешка состојба со висок степен на изгореници.

– Четворица се сместени во Клиничкиот центар и тројца во старата Градска болница. Од четворицата сместени, двајца се наоѓаат на Клиниката за пластична хирургија, тоа се двајца мажи на 60-годишна возраст и две жени на 40 и 45-годишна возраст во Одделот за интензивна нега на Клиниката за анестезија, реанимација, интензивно лекување. Од тројцата пацинети во старата Градска болница, една жена на 40-на години е во одделот за интензивна нега, интубирана е на респираторна машина, има помлада жена од 20-на години која е бремена, во овој момент се вршат прегледи од страна на гинеколог и едно дете кое има мал процент на изгореници, изјави Филипче.

Министерот рече дека започната е хируршка интервенција а се обезбедени и сите мерки за лекување во Градска болница.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според портпаролот на Националниот кризен вирус кризен центар, белгиските власти очекуваат ширење на болеста да достигне врв во наредните денови и да достигне точка на скоро целосен болнички капацитет.

ТАГА ВО БЕЛГИЈА: Девојче (12) ја загуби битката со КОРОНА- најмлада помеѓу 700 жртви од пандемијата!

Белгиските власти соопштија денеска дека 12-годишно девојче, најмладо меѓу повеќе од...

„Причината за пожарот е експлозија на плинска боца. Роднините и соседите ги изнеле повредените, по што ние околу еден час го гасневме пожарот“, велат пожарникарите.

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Три деца загинаа, шестмина повредени oд експлозија на плинска боца во Романовце

Утрово во куќа во кумановското село Романовце настанал голем пожар при експлозија...