Четири девојчиња од хорот  на „Златно славејче“ напишаа и снимија песна за Влатко Илиевски, Ќе се потрудиме да го зачуваме твоето дело и никогаш да не бидеш заборавен!"

Објавил: admin@magazin | 6 март, 2019 16:16

Четири славејчиња со песна за Влатко Илиевски- Со тебе пораснавме, а сега те нема!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Четири девојчиња од хорот  на „Златно славејче“ напишаа и снимија песна за Влатко Илиевски, пејачот и актер кој почина минатото лето, а десет години беше водител на фестивалот „Златно славејче“ .

Елена Георгиевска, Матеа Илиева, Викторија Ефтимова и Анастасија Илиевска ја напишаа музиката и текстот за песната „Недостигаш“ и му ја посветија на нивниот омилен Влатче, за кој велат дека им бил идол и голем пријател.

Елена Георгиевска, Матеа Илиева, Викторија Ефтимова и Анастасија Илиевска, знаеме дека нашиот другар Влатко ќе биде горд на нас

За аранжманот и продукцијата се потруди познатиот продуцент Валентино Скендеровски.

»  Секогаш твоето име ќе го величиме и засекогаш ќе остане врежано во нашите срца. Со тебе пораснавме, се дружевме, а сега те нема«  Ќе се потрудиме да го зачуваме твоето дело и никогаш да не бидеш заборавен!” – напишаа девојчињата.

»Работевме со многу труд, имавме голем мотив. Знаеме дека нашиот другар Влатко ќе биде горд на нас. Добивме голема поддршка од продуцентот Валентино Скендеровски и што е најважно – добивме поддршка од фамилијата Илиевски. Упатуваме голема благодарност до сите кои ни помогнаа да ја пренесеме нашата порака!” – напишаа девојчињата.


Влатко Илиевски ( роден на 2 јули 1985 тогашна Југославија) е македонски пејач и телевизиски презентер. Тој беше член на на рок-бендот МОРАЛ . На македонските прелиминарни избори за натпреварот за песна на Евровизија 2010, го освои второто место. Влатко беше претставник на Македонија на  ЕУРОВИЗИЈА во Дизелдорф во 2011 година. Веќе во 2005 година тој исто така како пратечки вокал настапи заедно со Мартин Вучиќ на Евровизија.

На возраст од дванаесет години, Илиевски почна да учи да свири на гитара и да пее во локалните бендови во Скопје.

Во 2000 година, македонскиот рок бенд Морал му понуди на  Илиевски да пристапи кон бендот, кое тој со задоволстсво го прифати. Во периодот Помеѓу 2001 и 2003 година, групата сними неколку песни и албум со наслов “КОГА ПАТУВАМ “. Бендот постана популарен во моментот кога настапија како предгурпа на „ Deep Purple„ на концертот во Скопје во 2005 година.

Во 2007 година Илиевски започна со промовирањето на својата соло кариера со објавување на голем број на различни наслови и се појави во неколку македонски музички фестивали.

Во 2010 година, на СОНГКОНТЕСТОТ за Евровизија, Илиевски имаше исто гласови со Ѓоко Танески, но правилата во овој случај беа дека победи кандидатот , кој има добиено повеќе гласови од жирито. Со тоа Танески тоа беше избран са претставник на Македонија во во Осло во 2010 година.

Една година подоцна, Илиевски, сепак успеа со песната Rusinka на Скопскиот фестивал 2011 година да победи против 19 натпреварувачи,и со тоа песна на 12 мај 2011 година да замине на натпреварот на Евровизија во арената Дизелдорф .Тој сепак не успеа да се квалификува во финалето.

Влатко Илевски почина прерано на 33 години само неколку денови после неговииот роденден на 6 Јули 2018 година

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Поп