7--те пациенти се стабилни

Објавил: Калина Мартинска | 21 март, 2025 12:38

Чибишев: Хоспитализираните на Токсикологија по пожарот во Кочани се стабилни, немаат механички повреди

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Од пожарот во Кочани до денес, на Клиниката за токсикологија во Скопје проциркулирале 20 пациенти. Од нив 13, заради влошување на состојбата или заради потреба од механичка вентилација, беа префрлени на други клиники, информира директорот на клиниката Андон Чибишев.

-Некои од тие пациенти завршија и во центрите надвор од државата. Сите се во добра општа состојба, стабилни се. Кај нас во моментов хоспитализирани се 7 пациенти кои воглавно имаат инхалирано голема количина на отровни гасови затоа што биле внатре во дискотеката додека таа горела. Немаат механички повреди туку се со инхалаторни повреди, односно повреди заради вдишување на отровни гасови, рече Чибишев.

Директорот на Токсикологија информира дека денес се сите клинички стабилни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести