Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди место во главната рунда на Светското првенство. Избраниците на Данило Брестовац отпорот на противникот го урнаа дури во второто полувреме во кое одбраната беше на далеку подобро ниво, а во нападот без проблем реализиравме. Кончено изгледавме како што посакувавме.
Голманскиот танедем, Митревски и Томовски беше перфектно, Никола запиша 14 интервенции, Матин имаше две одбрани од седум метри.
Чиле се покажа во поинакво светло од Скопје, па мака мачевме во првото полувреме, во кое одбраната одново не беше на посакуваното ниво. Никола Митревски не му дозволи на противникот во првите девет минути да дојде до поголема позитива, имаше пет одбрани во овој период. Кирил Лазаров беше добро затворен, не користевме шанси за израмнување, па дури и да поведеме.
Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.
Дури во 21. минута дојдовме до првото водство 10-9, имавме и 11-10. Не ја задржавме предноста, со два гола по ред, Чиле дојде на 13-15 во 27. минута. Фалеше константност, брзо примавме голови, одбраната не ја добиваше потребната цврстина. На одморот беше 16-17.
Второто полувреме беше поинаква приказна. Можевме лесно да го решиме мечот, но честопати не ги користевме честите шанси. Лазаров и Пешевски го вратија водството (18-17). Нашиот квалитет дојде до израз, по 24-23 со серија од 4-0 поведовме со највисоки 27-23 во 47. минута.
Чиле со два гола во низа намали на 27-25. Кузмановски реализираше во вистинско, време (28-25), а Митревски со две интервенции ни го отвори патот кон првата победа на СП. Брестовац повика тајм-аут, побара да бидеме трпеливи.
Останавме со играч помалку на нецели пет минути до крајот. Но, Митревски со 14. интервенција, а нешто подоцна Томовски го одбрани вториот седмерец, не дозволи пресврт. Македонија на три минути до крајот одново се искачи на плус четири, Столе реализираше за 31-27. Тука беше и крајот на овој дуел.
МАКЕДОНИЈА – ЧИЛЕ 32-29 (16-17)
МАКЕДОНИЈА: Митревски (14 одбрани), Томовски (2 седмерец), Велковски, Стоилов 2, Димитриоски 2, Лазаров 8, Кузманоски, Талески, Маркоски 1, Кузмановски 4, Костески 5, Танкоски, Крстевски 2, Поповски 2, Пешевски 5, Мишевски 1.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.