Македонија
Вести
Град Скопје деновиве интензивно работи на чистење и уредување на двете страни на кејот на реката Вардар, со цел овој дел од градот да добие еден нов лик.
Со градежна механизација и екипи од сите јавни претпријатија покрај кејот се чисти и коритото на Вардар на потегот од мостот кај луна паркот до зградата на Македонската телевизија.

Најпрво се работи на левата страна на реката, а потоа механизација и екипите ќе се префрлат и од десната која е многу повеќе користена од граѓаните.
Се чисти каменот и коритото на реката, пешачката патека на кејот, се корнат гранки, треви и грмушки со кои е обраснат овој дел од градот, се кастрат дрвјата, се уредува зеленилото и се чисти ѓубрето.
Откако ќе заврши уредување на кејот во централното градско подрачје ќе се продолжи кон населбите Влае и Ново Лисиче.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.