Пред Кривичниот суд

Објавил: Калина Мартинска | 3 февруари, 2025 11:25

Членовите на Десна бараат правда за Палчо

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Шест членови на партијата Десна утрово пред почетокот на судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски пред зградата на Кривичниот суд изразија незадоволство и сомнежи во правичноста од водењето на постапката.

Преку транспаренти и кус говор рекоа дека се врши прогон на членовите на Десна, а партиското седиште било запечатено од истражните органи.

Во Основниот суд продолжи судењето на кое се очекува ОЈО да се произнесе по барањето на обвинетиот Палевски за изземање на целото скопско Обвинителство.

“ОЈО за некого е мајка за некого маќеа”, велат од ДЕСНА, партијата на Љупчо Палевски Палчо.

Тие пред судот дојдоа со транспарент: “ ОЈО произведува монструми не политичката партија Десна”.

Инаку денескка продолжи судењето за двојното убиство со изведување на материјални докази на Обвнителството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести