Во време кога на јавната администрација им се заканувааат со откази и работа во приватниот сектор, партиските кадри јавно се заблагодаруваат за вработувањата со книшка

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 декември, 2018 15:02

Член на СДСМ од Прилеп јавно се фали дека го вработила партијата

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Активист на СДСМ, Петар Тошкоски, на својот фејсбук профил се пофали дека се вработил во општата болница во Прилеп, а особена благодарност за завршената работа, тој упатува до градоначалникот Илија Јованоски.

Му благодарам на мојот татко за неговото жртвување што го даде сета оваа година уназад од почетокот до крајот.

Му благодарам на градоначалникот Илија Јованоски за поддршката што ми ја пружа и што ми го осигура животното прашање во овие тешки мигови.

Исто така му благодарам и на претседателот на совет, Миле Талевски… -пишува Тошкоски на својот ФБ профил.

Како се “калеше” административниот “партиски” леб, или кому треба се да речиш фала за партиско вработување.

СДСМ во предизборната кампања ветуваше непартиска и ефикасна јавна администрација. Но, за разлика од тоа, во периодов на владеење на оваа партија, прилично е очигледно вработување во државната и јавната администрација со партиски кадри на сите нивоа.

Членови на нивните потесни семејства, пријатели и познаници се поставуваат на високи места без конкурс и без посебни критериуми. Единствениот критериум е да се членови на СДСМ или да се блиски со некој висок функционер на СДСМ.

Опозиицијата обвинуваше дека административните службеници биле казнувани неосновано и спротивно на Законот, спротивно на сите демократски права и начела.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, најави дека се почнати активности за деполитизација на администрацијата.

со реорганизацијата, вишокот на административци ќе се понуди на приватниот сектор.

Со хоризонталната функционална анализа која првпат се прави, ќе следи реорганизација и оптимизација на администрацијата. Онаму каде што анализата ќе покаже дека може да се укинат, ќе се укинат, некои ќе се спојат, а ќе се формираат и нови институции. Никој нема да ја загуби работата, а на вишокот администрација ќе им биде понудено да бидат ангажирани во приватниот сектор. -информираше минатиот месец Манчевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Читам и слушам дека незапирливо продолжува вербалната агресија на Бранко Тричковски, неговата експлозивна манифестација на патолошката омраза кон Милчин, кон мене и кон многу други што не ја споделуваат срамната апологија на власта и што не му се поклонуваат (до небо) на фронтлајнерот на пропагандата на Зоран Заев.

Героски: Непроценлив е придонесот на хејтерот Тричковски за препознавањето на вистинската, авторитарна природа на Власта

НЕПРОЦЕНЛИВ Е ПРИДОНЕСОТ НА ХЕЈТЕРОТ БРАНКО ТРИЧКОВСКИ ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕТО НА ВИСТИНСКАТА,...

-да не беа глумците и македонскиот етнос, носии и музика филмот ќе беше класично фијаско, единствено вредеше насмевката на аутистичното дете Кире на крајот.

Панчевски распали по режисерот Манчевски: Филмот “ВРБА”е реален и суров, ниско ниво на култура и негативен одраз за традицијата!

Македонија е нашата мајка и жална врба! Еве сега видовме дека може да биде машка и женска,...

Таа иронично вели дека ако треба ќе престанеме да дишеме, ама да си градите, мислејќи на тоа дека можеби е подобро да се направат паркчиња и да се посадат дрва.

Весна Бејби: И така сите ќе умреме, барем вие да си градите

Познатата македонска актерка Весна Бејби Петрушевска по информацијата дека Општина...