
Македонија
Вести
Владата на својата денешна 84-ма редовна седница донесе одлука Сашо Тасевски магистер по безбедност и докторант на Факултетот за безбедност да биде назначен за нов директор на Бирото за јавна безбедност. Тој доаѓа на местото на Лазе Велковски кој минатата недела беше разрешен од функцијата во МВР по скандалот со службениот џип.

Тасевски стана познат во македонската јавност по случувањата во Собранието на 27-ми април минатата година кога како лично обезбедување на Оливер Спасовски заедно со уште два свои колеги не дозволија да дојде до поголемо крвопролевање по функционерите на СДСМ и ДУИ.
Настанот уследи во прес салата на Собранието кога пратениците беа нападнати од толпа по претходното нелегитимно и противуставно именување на Талат Џафери за нов претседател на Собранието.
Сашо е познат е и по тоа што е единствениот полицаец и воопшто човек кој тој ден пукаше во законодавниот дом а беше награден со директорско место во Шестата полициска управа.
Тасевски е искусен полицаец кој во МВР работел од 2001 година. Од пред неколку месеца е раководител на Управата за обезбедување личности и објекти на МВР позната и како 6-та Управа а во својата досегашна кариера работел како обезбедување кај поранешниот претседател Бранко Црвенковски и Владо Бучковски како и во одделот за странски делегации но и кај техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.
На почетокот на кариерата Тасевски бил припадник на единицата за специјални задачи “Тигар” од каде самиот се повлекол.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.