Во пресудата пишува дека Ел Чека од 29 до 31 мај 2019 година, на социјалната мрежа ФБ, објавил повеќе тонски снимени прислушувани телефонски разговори, со што им овозможил на корисниците на социјалната мрежа и други неповикани лица да се запознаат со содржината на ваквите разговори. Адвокатот Асани вели дека не се задоволни ниту од пресудата ниту од текот на постапката.

Објавил: Весна Петровска | 23 јануари, 2020 15:29

Човекот кој ја ДРМАШЕ Македонија со шокантните БОМБИ доби пресуда: Ел Чека осуден на 1 година условен затвор!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Како што дознава Алсат, Основниот суд во Кичево донесе пресуда – условна казна затвор од една година, ако во наредните две години не стори ново кривично дело, за кичевчанецот Шеќерим Ахмеди, познат како Ел Чека.

Веста ја потврди и неговиот адвокат, Бесник Асани.

Во пресудата пишува дека Ел Чека од 29 до 31 мај 2019 година, на социјалната мрежа ФБ, објавил повеќе тонски снимени прислушувани телефонски разговори, со што им овозможил на корисниците на социјалната мрежа и други неповикани лица да се запознаат со содржината на ваквите разговори. Адвокатот Асани вели дека не се задоволни ниту од пресудата ниту од текот на постапката.

„Mислиме дека се направени многубројни суштински повреди на постапката, според кривичниот законик.Една од тие е што во ова дело не постои оштетена страна, кој е битниот и главен елемент во кривичната постапка.Ова го знае и еден студент од прва година на Правен фукултет, дека ако не постои оштетена странка, неможе да постои и кривично дело“, рече Бесник Асани-адвокат на Ел Чека.

Веќе неколку дена Ел Чека се заканува со нови бомби…

Асани вели дека ќе ја обжали пресудата пред Апелациониот суд во Гостивар.

Ел Чека постојано објавуваше видеа од разговори за за кои тврди дека се меѓу функционери на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Дел од разговорите се нови а дел како оној за „Сопот“ мегу Јанкуловска и Мијалков јавноста можеше да ги слушне уште кога СДСМ ги објавуваше бомбите. „Ел чека“ не го крие идентитетот, напротив испраќа пораки до функционерите од ДУИ меѓу кои и Али Ахмети, Муса Џафери и Бекир Асани дека ќе продолжи со објавување на снимки а ќе ги испрати и до ЦИА и Американската амбасада во Скопје. Или ќе бидат затворени криминалците или Заев ќе падне, пишува објавувачот на бомбите.

Материјалите ми се од Сами Укшини (командант Соколи), Ваљон Зека и Шек Халачи кои се во затворите на Македонија. Во случај мене да ми се случи нешто, одговорноста ќе биде нивна. Чекавме четири години за да има правда. Поседуваме многу видеа и нема да престанеме се дури нема истрага од меѓународната заедница, вели „Ел Чека“.

Дека овие тројца обвинети во „Диво Насеље“, кои добија од 40 години затвор до доживотна робија, стојат зад објавувањето на бомбите потврдува и адвокатот Насер Рауфи. Адвокатот вели лично разговарал со неговиот клиент Шех Калачи, кој од затворот во Шутка го замолил во нивно име да соопшти дека тие тројца ја преземаат одговорноста за објавувањето на бомбите а дека „Ел Чека“ само ги објавувал во нивно име.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој прокоментира за трговската ознака, и вели дека ние треба да бидеме многу понастојчиви и политички, не само правно. Потсетува дека за тоа е формиран тим од експерти од двете страни, кој треба во рок од три години да донесе решение за ознаките за се што се извезува од нашите две држави во светот.

Пендаровски: На албанците името Македонија, идентитетот и јазикот македонски, не им значи!

Претседателот на државата Стево Пендаровски вчера во интервју за емисијата Само вистина...

Златев за пример го посочи Доналд Трамп кој ги обвинува медиумите кои се критички настроени кон него и неговата политика. Се расправа со „CNN“, се расправа со „New York Times“, ги обвинува за ширење на „Fake News“.

Златев: Реагираат на мене бидејќи им ги откривам скандалите!

Новинарот иглавен и одговорен уредник на порталот ЕкономскиЛидер, ЉупчоЗлатев, во...

Не обвинија само поради тоа што си ја сакаме Македонија. Секој ден сме бомбардирани со лажни вести и афери.

Мизрахи: Ќе ставиме крај на ЗАЕВИЗМОТ- не обвинија бидејќи си ја сакаме МАКЕДОНИЈА

Разрешената министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи на социјалните...