Човечка грешка е водечка и главна причина за трагедијата на автопатот „Струма“, изјави на денешен брифинг заменик главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов.

Објавил: Перо Милчин | 26 ноември, 2021 6:22

Човечка грешка главна причина за автобуската несреќа, жртвите се задушиле во пожарот

Фото/Текст извор: ©магазин/р.с европа

Во Софија вчера беа соопштени наоди од тековната истрага за автобуската несреќа која се случи пред три дена на бугарскиот автопат Струма. Во Скопје истрагата главно е насочена кон техничката исправност на возилото, кое немало лиценца за меѓународен превоз, а било пуштено да мине граница.

Човечка грешка е водечка и главна причина за трагедијата на автопатот „Струма“, изјави на вчерашен брифинг заменик главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов.

Според првичната верзија од истрагата, дополнително за несреќата влијаеле лошата сигнализација и ознаките на патот, но и лоша организација на сообраќајот. Сарафов рече дека заштитната бариера (банкината) во која удрил автобусот била опасна и исто така придонела за несреќата, а при триењето со банкината искри ги запалиле маслата во автобусот.

Во Скопје истрагата главно е насочена кон техничката исправност на возилото, кое немало лиценца за меѓународен превоз, а било пуштено да мине граница.

Причина за смртта на сите загинати е задушување од пожарот, соопштија бугарските обвинители од Државното јавно обвинителство. Тие наведоа дека обдукциите се завршени и покажале дека ниту еден патник не починал од здобиени повреди од ударот, ниту пак од експлозијата.

Според досега утврденото од собраните материјали, категорично се отфрлаат тврдењата дека пожарот во автобусот настанал поради шверц на нафта или поради терористички акт. Утврдено е дека во автобусот имало празни туби за гориво, кои не биле причина за избувнувањето на пожарот.

Несреќата на автопатот „Струма“ во Бугарија се случи рано утрината на 23 ноември. Автобусот на туристичката агенција „Беса транс“ превезуваше патници од Северна Македонија кои од Истанбул се враќаа во Скопје преку Бугарија. Првичните информации беа дека се загинати 46 патници, а дека седум се преживеани и префрлени во болница, а потоа во официјалните соопштенија беше наведена бројка од 45 загинати.

Но, портпаролката на главниот обвинител во Бугарија Сијка Милева на денешната прес-конференција изјави за време на истрагата еден од преживеаните во несреќата сведочел дека 8 луѓе биле спасени, а не 7 и дека во исто време 44 тела биле најдени на местото на трагедијата.

Во таа насока, рече Милева, истражителите ја проверуваат верзијата да видат дали има уште еден преживеан и каде тој се наоѓа. Таа рече дека е можно еден од патниците на територијата на Бугарија да се префрлил во еден од другите автобуси, кои беле дел од туристичката група.

Милева наведе дека главниот обвинител Иван Гашев наредил да биде извршен увид на сигнализацијата и обележувањето на патните правци низ државата. Во увидот ќе бидат вклучени странски експерти и претставници на невладини организации.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот со македонски државјани излетал на автопатот Струма кај бугарското село Боснек, во близина на Перник. Според првичните информации пукнала предната десна гума од автобусот, по што тој удрил во банкина по која се влечел. Во тие моменти се излеало гориво бидејќи работело парното во автобусот. Избувнал пожар и дошло до кобната несреќа за патниците кои од Истанбул се враќале кон Скопје.

Објавени имињата на патниците од автобуската несреќа

Најсмртоносна автобуска несреќа во Европа во последната деценија – ваков наслов осамна...

– Глетката е страшна. Предниот дел на автобусот е изгорен, луѓето што се наоѓаат во (болницата) „Пирогов“ биле во задниот дел на автобусот. Десното стакло на автобусот било скршено и од таму излегле, изјави Пиргов.

Според него, пред околу час и половина пред несреќата, автобусот застанат на бензинска станица на магистралниот пат „Струма“, каде патниците отишле во тоалет и направиле пауза околу половина час. Тој смета дека е исклучена веројатноста возачот да заспал, бидејќи бензинската станица се наоѓа на 15 минути возење до местото на несреќата.

– Патот е во перфектна состојба. Овде станува збор за грешка на возачот. Нема можност автобусот да се зализгал патот, нема знаци на кочење. Автобусот се запалил од предниот дел. Во самиот автобус имало туби со нафта, изјавува Пиргов, додавајќи дека огнот започнал од предниот дел на автобусот, најверојатно во системот за греење.

Тој информира дека во 03.04 часот ја добил информацијата за настанот, а во 03.30 стигнал на местото на несреќата, каде имало противпожарни и возила на брзата помош

Несреќата на автобусот е резултат на човечка грешка, тврди секретарот за безбедност на Перник, Пиргов

Автобусот се движел со над 100 километри на час и нема ниту еден милиметар знаци на кочење,...

Во несреќата загинаа 46 лица, а седум се повредени и пренесени во болница и немаат сериозни повреди.

ФОТО: Четиригодишните близнаци се најмладите жртви од стравотната автобуска несреќа во Бугарија

Близнаците Луан и Албан Ахмети се најмладите жртви од стравотната автобуска несреќа...