
Култура
Концерти
Повеќето од српските пејачи нема да одмараат за новогодишната ноќ, туку ќе настапат ширум Србија и светот.
Белград ќе биде центар за добра забава, а некој од најпознатите српски пејачи токму тука ќе настапат за новогодишната ноќ.
Цеца Ражнатовиќ ќе пее во еден познат хотел, а сцената ќе ја дели со Слободан Радановиќ, а ќе биде побогата за 80.000 евра, додека пак нејзиниот колега ќе добие 20.000 евра хонорар.

Лепа Брена ќе пее пред општината на градот а за тој настап, таа ќе добие околу 45.000 евра. На истото место ќе се најде Маја Беровиќ, која околу 23 часот ќе продолжи во еден ноќен клуб, а за таа ноќ ќе добие 60.000 евра.
За 10.000 евра повеќе ќе добие нејзината колешка Марија Шерифовиќ, која ќе се најде на Нови Београд.
Жељко Самарџиќ ќе настапи во Ниш за 25.000 евра, додека пак Александра Пријовиќ во еден хотел на Нови Београд ќе пее за 40.000 евра.
Милица Тодоровиќ и Јелена Костов ќе пеат пред публиката во Белград.
Милица ќе пее на познат српски сплав за 20.000 евра, а Јелена Костов во еден ресторан на Вождовац за 12.000 евра. Аца Лукас ќе пее на Златибор за хонорар од 50.000 евра, додека пак Наташа Беквалац во Виена за 40.000 евра.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.