Новинарот Зоран Иванов смета дека вчерашниот настап на вицепремиерот Никола Димитров е карактерна бомба.

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 јануари, 2022 6:04

Чомовски: Димитров се закопа засекогаш- тој е самобендисан политичар

Фото/Текст извор: ©магазин

Новинарот Александар Чомовски во емисијата 24 анализа истакна дека со оваа реторика, наместо Димитров да се самопромовира за идна позиција, тој се закопал засекогаш.

– Настапот на Димитров е егоцентричен што е составен дел на неговиот карактер на самобендисан политичар. Неговиот настап денеска во обид да го засече кандидатот и владата има далекусежни реперкусии. Димитров се доближува со ставовите до старото јадро на ВМРО-ДПМНЕ – рече Чомовски.

Тој додаде дека со нападот на Османи Димитров извршил напад на основните постулати на македонскиот мултиетнички пристап.

-Шефот на дипломатијата не води надворешни политики со лични свои погледи. Има начини кога се усогласува. Ако тој е голем патриот и македонист, на кого му одговара овој момент на затегнување на односите со Бугарија со таква реторика, кога ни претстои средбата Ковачевски-Петков. Тој сака да влезе во ритамот на кој не го сака Договорот за добрососедство. Србија и Русија не го сакаат. После ваков настап би се сомневал што тој мисли, иако сите велат дека тој е американски ученик и експозитура на американската дипломатија, оцени новинарот Чомовски во емисијата „24 анализа“.

Новинарот Зоран Иванов смета дека вчерашниот настап на вицепремиерот Никола Димитров е карактерна бомба.

-Не може да се глуми џентлмен цел живот. Може година, две, 20, но кога ќе ве погоди нешто како суета, тогаш паѓа и тој атрибут на џентлменство. Џентлмен се раѓа, не се создава. Денеска мислам дека Димитров го спушти нивото каде што никој не очекуваше. Требаше да излезе на прес и да каже „граѓани јас земјава ја внесов во НАТО“, но наместо тоа отиде во друга реторика. Ова ќе му пречи во иднина. Тој не доби поддршка од никого и не верувам дека ќе може да формира своја партија, вели Иванов во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Затоа утре поставете му ги прашањата на Петков на утрешната прес конференција. Ако одговори така како што очекувам, нема да има пречка за првата меѓувладина конференција.

МИЦКОСКИ ЗА ТВ 24: ЌЕ СЕ СРЕТНАМ СО ПЕТКОВ И ОЧЕКУВАМ МАРИЧИЌ ДА ГО СОВЕТУВА ДА НЕ СЕ МЕША ВО МАКЕДОНСКИТЕ ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата 24 анализа ги охрабри...

„Ние имаме договор со Заев како премиер, а не како градоначалник на Струмица. Тој барем уште некое време ќе треба да ја води Владата

Османи: ДУИ очекува Заев да продолжи да ја води Владата

Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, вчера во дебатниот...