КОД, по своето детално истражување на добитниците кои се објавуваат секој ден, го поставува прашањето: Дупла среќа или софтверска грешка?

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 февруари, 2020 10:54

ЧУДНИ НАГРАДИ “МОЈ ДДВ”: Дури девет двојни добитници- Дупла среќа или софтверска грешка?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вчерашното издание на емисијата КОД, беше направена анализа за наградната игра „Мој ДДВ-моја награда“ поддржана од Министерството за финансии, УЈП и Државната лотарија. Имено новинарката Снежана Лупевска анализира дека постојат двојни добитници, и вели дали станува збор за Дупла среќа или софтверска грешка?

-За само два месеци, девет исти имиња со девет исти кориснички броеви добиле дневна награда од по 1000, 2000 или 3000 денари. Еден жител на Зелениково, пак, добил месечна награда од 100.000 денари и по неколку денови уште една дневна награда од 1000 денари. Институциите без конкретен одговор која е веројатноста од милионите учесници, за само два месеци, деветмина да се двојни добитници, анализира емисијата на новинарката Снежана Лупевска Созен, КОД.

Екипата на КОД ги контактирала надлежните од каде добила одговор дека еден учесник, со еден број во текот на еден ден може да добие една дневна награда. Но, правилата не забрануваат следните денови тој да биде добитник и на друга награда.

КОД, по своето детално истражување на добитниците кои се објавуваат секој ден, го поставува прашањето: Дупла среќа или софтверска грешка?

На 17-ти декември добитна била фискалната сметка на Веле од Струмица, кој тој ден добил 3000 денари. КОД во своето истражување открива дека ова не е единствен пат истото лице да добие пари од „Мој ДДВ-моја награда“. Веле добил награда и на 30-ти јануари годинава.

-Милиони сметки и нешто помалку даночни обврзници секојдневно учествуваат во играта. И покрај тоа што шансите се минимални, сепак може да му се посреќило на истиот човек два пати да добие. Но, како пребарувавме така бројот на двојните добитници растеше. КОД успеа да дојде до 9 имиња кои се повторуваат, истакнуваат од КОД каде се објавени и имињата на двојните добитници.

Лицето Амел Лековиќ од скопско Зелениково , истражува КОД, е еден од добитниците на награда од 100.000 денари.

-Наградата од 100.000 денари ја доби за ниска сметка, а неговата приказна објавена од лотарија открива дека е дојдена во вистински раце. На 20-ти јануари повторно му се насмеала среќата. Во дневните награди негова фискална е наградена со 1000 денари, објави КОД.

Екипата на КОД ги контактирала надлежните од каде добила одговор дека еден учесник, со еден број во текот на еден ден може да добие една дневна награда. Но, правилата не забрануваат следните денови тој да биде добитник и на друга награда.

Целата сторија, погледнете ја во КОД.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Османи истакна дека ваквата помош е од големо значење за Македонија особено во овој моменто кога бројот на заразени од Коронавирус во земјава постојано расте.

Сијарто во работна посета на Македонија- со себе донесе 100.000 заштитни маски и 5.000 скафандери

Денеска на скопскиот аеросром вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи...

Трамп рече дека падот на бројот на загинати во Њујорк „може да биде добар знак“ и индикација дека Американците почнуваат да гледаат „светло на крајот од тунелот“.

ТРАМП: Гледаме светло на крајот на тунелот- Лекарите убедени дека следува најтешката недела во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп денес изрази надеж дека е направено балансирање...