Раководството на Секторот за внатрешни работи Куманово го информираше министерот Чулев за активностите кои тие ги преземаат во борбата против криминалот и корупцијата, справувањето со пандемијата од коронавирусот и организацијата на парламентарните изборите.

Објавил: Стојче Бушин | 27 јуни, 2020 18:40

ЧУЛЕВ: МВР будно ќе ги следи и ќе ги санкционира сите форми на политички притисок, поткуп и злоупотреба на полицијата во партиски цели

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска, во рамки на своите работни активности, го посети Секторот за внатрешни работи Куманово и оддржа работен состанок со раководството на СВР Куманово.

Раководството на Секторот за внатрешни работи Куманово го информираше министерот Чулев за активностите кои тие ги преземаат во борбата против криминалот и корупцијата, справувањето со пандемијата од коронавирусот и организацијата на парламентарните изборите.

Тие потенцираа дека Секторот за внатрешни работи Куманово е подготвен за одржување на изборниот процес и веќе имаат направено планови за опсервација и оперативно покривање на подрачјето, а во насока на санкционирање на сторители на кривични дела против изборите и гласањето.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска, во рамки на своите работни активности, го посети Секторот за внатрешни работи Куманово и оддржа работен состанок со раководството на СВР Куманово.

Министерот Чулев истакна дека во рамките на Министерството за внатрешни работи веќе е формиран оперативен штаб, кој е задолжен за спроведување и координирање на активностите неопходи за одржување на предвремените парламентарни избори, а со кој раководи директорот на БЈБ.

Притоа, тој потенцираше дека од особена важност за евроинтеграциите на државата ќе биде претстојниот изборен процес да се спроведе во фер и демократски услови и без изборни нерегуларности кои би оставиле дамка на демократскиот капацитет на нашата држава.

Во оваа прилика сакам да нагласам дека во пресрет на изборите кои следат, Министерството за внатрешни работи будно ќе ги следи и ќе ги санкционира сите форми на политички притисок, поткуп и злоупотреба на полицијата во партиски цели. Апелирам до граѓаните да ја пријават секоја форма на политички притисок, уцена или заплашување“, потенцираше Чулев во својата изјава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во Охрид само петмина пазарни инспектори работат да ги казнат оние што не ги почитуваат протоколите, а на помош викендов им дошле и колегите од Скопје и од Гостивар.

Поднесени две кривични за забавите на Градиште!

Поднесени се 2 кривични пријави за забавите организирани во Градиште, на плажите 2 и...

Согласно податоците од Министерството за финансии заклучно вториот квартал од 2020 јавниот долг изнесува 59,5%, додека државниот долг 50,7%, што споредено со претходното тримесечје повеќе за 8,9 процентни поени.

Мицкоски: Државата ја втурнуваат во црвената зона на презадолженост, долгот достигна 59,5%

Државата ја втурнуваат во црвената зона на презадоженост. За само три месеци владата...

Собраниските служби,пак, се подготвуваат согласно мерките за заштита од коронавирусот за одржување на конститутивната седница во големата сала со купола каде што ќе биде обезбедено соодветно растојание меѓу пратениците, собраниските службеници и други лица кои треба да се присутни. Гласовите на оваа седница ќе се бројат рачно, а веројатно и на тие потоа, имајќи предвид дека во неа нема инсталирано систем за гласање.

Џафери ја напушта Инфективна, можно е да ја води конститутивната седница

Денеска претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери, кој беше хоспитализиран...