
Вести
Избори 2020
Денес на територијата на целата држава се одржуваат предвремени парламентарни избори. Утрово во основното училиште Браќа Миладиновци јас и моето семејство го остваривме гласачкото право.
До овој момент, согласно информациите со кои располагам, изборите поминуваат мирно и без посериозни проблеми, објави министерот Наќе Чулев!
Денешните избори треба да бидат празник на демократијата и доказ за функционирање на уставно – правниот систем на државата. Очекувам изборниот ден да помине во мирна, фер и демократска атсмофера.

Тој апелираше до граѓаните да излезат и да го остварат своето право.
Воедно апелирам до сите чинители во општеството да се воздржат од активности со кои би можело да се наруши изборниот процес, потенцираше министерот Чулев!
Министерството за внатрешни работи ја гарантира безбедноста на целиот изборен процес и бескомпромисно ќе постапува секаде каде што ќе бидат детектирани обиди за попречување на граѓанското право за слободно изразување на политичката волја.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.