Никаков софтвер не е примен во МВР во периодот додека бев министер. Уште повеќе, никогаш на Влада или на било каква владина работна група не е дискутирано или имало било каква координација за законски промени со цел примена на наведениот софтвер.

Објавил: Перо Милчин | 9 март, 2021 18:13

Чулев за набавката на софтверот од страна на Рашковки: Не е прашано МВР и таков систем не е стигнат во МВР, ниту пак владата донела одлука

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Почитувани граѓани, во врска со случајот за набавка на софтвер за детектирање на сообраќајни прекршоци, со оглед дека беше споменато и Министерството за внатрешни работи во периодот кога раководев со истото, а со цел прецизирање на работите и утврдување на вистинската фактичка состојба, сакам да ја информирам јавноста за следното:

Во периодот додека ја извршував функцијата министер за внатрешни работи во ниту еден момент не бев информиран дека Генералниот секретеријат на Владата извршил набавка на софтвер за детектирање на сообраќајни прекршоци, ниту пак е побарано од МВР спецификација за набавка на ваков софтвер, проблематика која е единствено во делокругот на надлежности на МВР, а не на други институции.

Никаков софтвер не е примен во МВР во периодот додека бев министер. Уште повеќе, никогаш на Влада или на било каква владина работна група не е дискутирано или имало било каква координација за законски промени со цел примена на наведениот софтвер.

Ниту тогашниот премиер, ниту генералниот секретар или било кој друг не ме информирале дека ваков софтвер е набавен. Не ми е јасно зошто Генералниот секретеријат спровел набавка на вакво софтверско решение, со оглед дека Министерството за внатрешни работи, раководено од тогашниот министер, Оливер Спасовски, во истиот период спроведува постапка за набавка на хардверско и софтверско надградување на проектот “Безбеден град”, кое вклучува и софтвер за сообраќајни прекршоци, посебно ако се има предвид дека производителот и одржувач на “Безбеден град” со кој МВР има склучен договор, не дозволува инкорпорирање на надворешни софтверски решенија.

https://www.facebook.com/NakjeChulev/posts/276085750584893

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Ми беше чест да работам за Вас и од срце Ви посакувам подобар директор со кого ќе продолжите таму каде што јас застанав“, напиша Пауновски на фејсбук.

Пауновски: Благодарност до сите вработени, ви посакувам подобар директор

Огромна благодарност до сите граѓани кои во мојот “пркос” ги согледаа моите искрени...

И не Игоре немаше да заврши тоа така како што ти мислиш и таквите ко тебе.
Туку кажете им Фала на истите тие кои ги сотревте од ќотек, нивната прибранист присебноста и здравиот разум ја смири состојбата нит полицијата на Чавков нит некој трет од страна Иггоре..

Ерол Ерко: Добро Игоре, а како им беше на децата на Зијадин и Зоран?

По вчерашната емотивна објава на оперскиот пејач Игор Дурловски, кој за време на протестот...

Даваме поддршка и бараме ослободување на уставобранителите, тие не се и не можат да бидат терористи. Тие се чесни граѓани на оваа земја.

Мицкоски од протестот: Не смееме да премолчиме неправда

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е денеска присутен на протестот за поддршка...