Во неколку наврати напоменав дека здравјето на граѓаните е најважно и во таа насока Министерството за внатрешни работи ги презема сите неопходни мерки, вели Чулев!

Објавил: Стојче Бушин | 25 мај, 2020 21:39

ЧУЛЕВ: МВР следи што се објавува на социјалните мрежи и ја проверува автентичноста!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Намалување на бројот на заразени од вирусот Covid19 е возможно само доколку граѓаните се дисциплинирани и ги почитуваат мерките за ограничување на движењето, носат заштитна опрема и се придржуваат кон пропишаната дистанца, напиша министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот Фејсбук профил и најави дека МВР ги превзема сите неопходни мерки!

 Во неколку наврати напоменав дека здравјето на граѓаните е најважно и во таа насока Министерството за внатрешни работи ги презема сите неопходни мерки, вели Чулев!

Во контиутет ги следиме социјалните мрежи, видеа и содржините кои се објавуваат и секаде каде што има основ за постапување, Министерството за внатрешни работи презема соодветни активности.

Во оваа прилика сакам да напоменам дека во конкретниот случај со „орото“ во Чаир, доколку се утврди дека видеото е направено во период кога се на сила одлуките на Владата, односно доколку се потврди неговата автентичност, полициските службеници ќе ги преземат сите мерки со цел соодветно санкционирање на учесниците во истото.

На сила се уште е ограничувањето на движењето кое беше воведено за продолжениот викенд кој завршува денес. Министерството за внатрешни работи со сите свои ресурси го контролира спроведувањето на одлуките на Владата и овој пат со задоволство можам да констатитирам дека полициските службеници одговорно и професионално ја вршат својата работа, а граѓаните се одговорни, вели Чулев!

И воедно ќе напоменам дека на територијата на град Скопје овој викенд Секторот за внатрешни работи од Скопје имаше распоредено вкупно 55 патроли на полициски службеници, а одлуката поврзана со ограничување на движењето со минорни исклучоци се почитува на територијата на целата држава.

Наспорен факт е дека заедничка желба на сите нас е состојбата да се нормализира што поскоро и во таа насока апелирам на разумност, одговорност и строго придржување до препораките за заштита на здравјето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Се обврзуваме на високи и стабилни субвенции за земјоделците и модернизација на земјоделскиот сектор, крупни инвестиции во патната, енергетската и комуналната инфраструктура, реализација на голем број на проекти за младите во сите сегменти на
нивното живеење.

МИЦКОСКИ: Обновата ќе донесе проекти кои ќе го подобрат животниот стандард на сите граѓани

Во следните четири години ќе се заложиме за заштита на животниот стандард на пензионерите...

Тој во допис до медиумите вели дека објавените разговори се лаги од трети лица кои нема да ги попречат да даваат плати и да плаќаат даноци.

Вице Заев: Објавените разговори се лаги- Заеви се чесни и вредни Македонци

Откако денеска на Јутјуб каналот се појави нова аудио бомба за Заеви, се огласи и Вице...

Средствата со кои Градот Скопје ќе ги субвенционира занаетчиите за набавка на потребни алати и репроматеријали се во износ од 80% од нивната вредност, но не повеќе од 50.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход!

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА СКОПСКИТЕ ЗАНАЕТЧИИ

Градот Скопје со цел да го поттикне развојот на традиционалните занаети во изумирање...

Од аудио бомбата Тушникот се фали дека добил зелено светло од Рашо кој најверојатно е Радиша Бојовиќ зет на Зоран Заев, а ќе оствари средба со братот на Зоран, Вице Заев за да се запали автомобил на човек од Битола затоа што тој бил од ВМРО-ДПМНЕ.

НОВА АУДИО БОМБА: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче даде црвен картон да не работи ништо

Шокантна нова аудио бомба се појави на социјалните мрежи во која се слушаат два гласа...