Обезбедување на парламентарните избори, справувањето со пандемијата од Ковид19 и борбата против сите форми на криминал беа темите за кои се дискутираше на овие работни средби.

Објавил: Стојче Бушин | 9 јули, 2020 18:21

ЧУЛЕВ: Парламентарните избори се важен показател за правецот во кој ќе се движи нашата држава

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев ро рамки на денешните активности оствари работна посета на одделенијата за внатрешни работи во Крива Паланка, Кратово, Пробиштип и Свети Николе. Во рамки на посетата министерот Чулев оствари работни состаноци со раководствата на четирите одделенија.

Обезбедување на парламентарните избори, справувањето со пандемијата од Ковид19 и борбата против сите форми на криминал беа темите за кои се дискутираше на овие работни средби.

Од страна на раководствата на четирите полициски одделенија Чулев беше информиран дека изминатите неколку изборни циклуси се одржани во мирна атмосфера без позначителни и посериозно инциденти.

Од нивна страна беше истакнато дека веќе се подготвени оперативните планови со кои ќе се покриваат изборите. Министерот Чулев апелираше до сите полициските службеници да постапуваат максимално професионално и одговорно.

Обезбедување на парламентарните избори, справувањето со пандемијата од Ковид19 и борбата против сите форми на криминал беа темите за кои се дискутираше на овие работни средби.

Во поглед на европската интеграција на нашата држава, парламентарните избори се важен показател за правецот во кој ќе се движи нашата држава, потенцираше Чулев. Во таа насока Чулев нагласи дека неопходно е истите да бидат организирани на највисоко ниво и во согласност на законите.

Тој истакна дека постапувањето на полициските службеници, согласно со законите и согласно интерните акти на Министерството за внатрешни работи ќе гарантира фер, мирни и демократски избори, а тоа ќе биде причина граѓаните да излезат и да го исполнат своето избирачко право. Секој полициските службеник мора да биде на висина на задачата и да постапува професионално, впрочем како што тоа го прават полициските службеници во изминатиот период.

Во изминатите неколку месеци во Министерството за внатрешни работи имав можност да се сретнам и да соработувам со исклучителни професионални и чесни луѓе и верувам дека тие ќе направат се овие избори да поминат во најдобар ред, онака како што граѓаните заслужуваат, заклучи Чулев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во февруари 1992 година станува член на СДСМ. Основач е и генерален секретар на Социјалдемократската младина на Македонија од 1996 до 1999 година, а потоа и нејзин претседател до 2001 година.

Кој е Лазар Еленовски, „идниот премиер“ на Македонија?!

Во медиумите вече на големо се шпекулира за договорот на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на ДУИ,...

Воедно и лидерот на Левица, партијата која освои два пратеника на изборите, Димитар Апасиев, јавно соопшти дека ќе ги подржат ВМРО ДПМНЕ за состав на нова влада иако нема да бараат учество во неа.

Мицкоски и Ахмети разговараа за ново парламентарно мнозинство!

Откако вчера албанскиот весник Лајм објави дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкосски...

На 10.000 случаи, дури и да има 50 луѓе што по вторпат се позитивни, тоа не е многу. Најверојатно првиот пат биле болни туку само контаминирани, вели професорот.

Д-р Пановски: Пациентите што по вторпат имаат Ковид 19, најверојатно првиот пат не биле болни туку само носители!

Во изјава за Слободен Печат, професорот Никола Пановски посочува дека има и такви кои...

Новите автобуси се енергетски ефикасни, во согласност со последните технолошки трендови во оваа индустрија и ги задоволуваат стандардите за емисија на еуро 6.

ПЕНЗИОНЕРИ СО ШТРАФЦИГЕР ГИ КРАДАТ ПОЛНАЧИТЕ ЗА ТЕЛЕФОНИ ОД НОВИТЕ АВТОБУСИ НА ЈСП „СКОПЈЕ“

Граѓани опремени со штрафцигери се обидуваат да ги украдат полначите за телефони кои...