На една од фотографиите може да се забележи гол маж кој е облечен како православен свештеник а до него стои светец кој има полов орган, која всушност предизвика бурни реакции кај многумина.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 јуни, 2019 10:40

Шамбевски до ЛГБТ: Христијанството ќе ве преживее иако го ругате

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Оливер Шамбевски, поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен амбасадор во Ватикан и Рим на својот Фејсбук профил се обрати до ЛГБТ заедницата, откак вчера на социјалните мрежи осамнаа фотографиите направени во Музејот на современа уметност каде во склоп на Недела на гордоста, припадниците на ЛГБТ, приредија сексуални перформанси.

Гол маж облечен во православна свештеничка облека а до него гол светец на кој е истакнат половиот орган

На една од фотографиите може да се забележи гол маж кој е облечен како православен свештеник а до него стои светец кој има полов орган, која всушност предизвика бурни реакции кај многумина.

Од тука и Шамбевски напиша дека Епитрахилот е најважниот дел од свештеничката облека, без него свештеникот не смее да одржи никаков обред, затоа да се ругаш со него е голема навреда и сквернавење за христијаните.

Епитрахилот е најважниот дел од свештеничката облека, без него свештеникот не смее да одржи никаков обред, затоа да се ругаш со него е голема навреда и сквернавење за христијаните… ама знаете што… Христос и христијанството истрпеле многу ругања… го преживеале и Нерон и Диоклецијан и Сталин и многуте комунистички комесари и комесарчиња… а знаете зошто христијанството сепак преживеало?
Едноставно затоа што суштината на вербата христијанска е слободата и љубовта… затоа што христијаните го мразат гревот, а не грешникот, затоа што слободата е христијански принцип што го немате нигде на друго место… затоа што простуваме оти не знаете што правите, простуваме искрено и кога знаете што правите оти не е наше да судиме. Искрено мислам дека во овој случај користејќи го епитрахилот во вашите баханалии покажувате дека вие само сте возгордеани, а не баш дека заете што правите. А ако сепак знаете тогаш… па тогаш сами си го бирате местото на маргините оти никој не може да има разбирање за потребата да бидеш деструкивен и да навредуваш и омаловажуваш се околу себе, а да бараш да бидеш почитуван… едноставно многу жално изгледа тоа.
А знаете зошто ќе ве преживее и вас и таквите како вас? Ќе ве преживее затоа што не сте ниту први ниту оригинални во ругањето на христијаните… прочитајте за св. Ардалион Глумецот и за св. Порфириј Глумецот па ќе сфатите зошто е Христијанството религија на љубовта и слободната волја… и зошто… ама ај… напиша Шамбевски на својот Фејсбук профил.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно