Ситуацијата на српскиот тенисер е тема број еден во светот изминатава недела

Објавил: Македонка Димкин | 15 јануари, 2022 9:54

Шарли Ебдо: Новак Ѓоковиќ го заслужува најдоброто

Фото/Текст извор: ©шарли ебдо

Познатиот сатиричен весник, кој своевремено беше нападнат од терористи поради исмејувачките цртежи на пророкот Мухамед, нема милост ниту кон ставовите на тенискиот ас

Познатиот сатиричен весник „Шарли ебдо“, познат по своите карикатури кои често ја минуваат границата, овој пат му се посвети на Новак Ѓоковиќ , кој може да биде депортиран од Австралија по долга битка за виза, пренесува „Дневник.хр“.

Ситуацијата на српскиот тенисер е тема број еден во светот изминатава недела, а познатиот сатиричен весник, кој своевремено беше нападнат од терористи поради исмејувачките цртежи на пророкот Мухамед, сега посвети неколку цртежи на маките на Ѓоковиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Тенис

Ова е седми триумф на Ѓоковиќ на Вимблдон, со што се израмни по бројот на триумфи со неговиот идол Пит Сампрас, додека Рожер Федерер има еден триумф повеќе.

Седма титула за Новак Ѓоковиќ на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ ја продолжува доминацијата на Вимблдон и со победата во денешното финале...

Во интервју за „Би-би-си“ српскиот тенисер изјави дека тоа е цената што е подготвен да ја плати.

„Да, тоа е цената што сум подготвен да ја платам. Никогаш не сум бил против вакцините, ги примав како дете, но секогаш ја поддржував слободата да избираш што ставаш во вашето тело. Принципите на донесување одлуки за моето тело се поважни од која било титула или било што друго. Се трудам да бидам во склад со моето тело што е можно повеќе“, изјави Ѓоковиќ на таа тема и додаде:

„Мојот ум е отворен кога станува збор за можноста да бидам вакциниран во иднина бидејќи сите заедно се трудиме и ќе го најдеме најдоброто решение кога станува збор за борбата против Ковид. Повторувам, никогаш не сум бил против вакцинацијата и се надевам дека сите ќе го видат крајот на овој вирус многу брзо. Се обидувам да го задржам мојот ум отворен бидејќи сите се обидуваме да го најдеме најдоброто можно решение. Никој не сака да биде во оваа ситуација во која колективно сме две години. Јас сум дел од глобален спорт кој се игра секоја недела на различни локации. Ги разбирам последиците на својата одлука. Една од последиците е да не одам во Австралија, бев подготвен на тоа. Разбирам дека тоа што не се вакцинирам денес значи дека не можам патуваат на повеќето турнири“.

Ѓоковиќ: Нема да примам вакцина, ќе ги жртвувам трофеите

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека не е „антиваксер“, но дека попрво...

Рафаел Надал, Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ имаат по 20 грен-слем титули, па на шпанскиот тенисер очигледно дека не му е сеедно дали Србинот ќе настапи на Австралија опен.

Надал: Австралија опен е голем и без Ѓоковиќ

Рафаел Надал повторно предизвика реакции со една своја изјава за Новак Ѓоковиќ чиј...