Со усвојување на овој Закон, Република Македонија ќе го добие првиот национален парк од прогласувањето на независноста со што вкупната површина на заштитени подрачја на национално ниво ќе изнесува 13,2% од севкупната територија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 22 март, 2021 21:39

Шар Планина се става под привремена заштита до донесување на Законот за нејзино прогласување за Национален парк

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, согласно Законот за заштита на природата, донесе Решение за привремена заштита на делот од Шар Планина за кој се води постапка за прогласување за заштитено подрачје во категорија II – национален парк.

Привремената заштита на подрачјето на кое се однесува Решението се применува до денот на влегувањето во сила на Законот со кој ќе се прогласи дел од Шар Планина за национален парк. За потсетување, Предлог-законот е одобрен од страна на Владата на Република Македонија и во најскоро време се очекува да започне собраниската постапка за негово усвојување.
 
Со усвојување на овој Закон, Република Македонија ќе го добие првиот национален парк од прогласувањето на независноста со што вкупната површина на заштитени подрачја на национално ниво ќе изнесува 13,2% од севкупната територија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Дали и за колку ќе поскапи струјата за домаќинствата и малите потрошувачи од 1 јули се уште е неизвесно.

Мрежарината за струјата може да се намали во декември- ако малите фирми одат на слободен пазар тоа ќе биде олеснување за сите

Дали и за колку ќе поскапи струјата за домаќинствата и малите потрошувачи од 1 јули...