„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика издвои 50 милиони денари.

Објавил: Перо Милчин | 14 април, 2021 20:13

Шахпаска: Општина Липково добива нова детска градинка која ќе згрижи 102 деца

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  заедно со градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи денеска потпишаа  Договор за грант со кој се доделуваат финансиски средства за изградба на нова детска градинка во населеното место Матејче.

„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за  труд и социјална политика издвои 50 милиони денари.  

Како Министерство, посветено работиме на нашата агенда, која е и  дел од владината програма, изградба на нови и проширување на постоечките капацитети на детски градинки,“ изјави министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Таа посочи дека покрај  вложувањето во просторните  капацитети на  градинките,  Министерството за труд и социјална политика, продолжува да вложува и во унапредување на наставните програми и професионалните компетенции на вработените во нив.

Градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи информираше дека според официјалните статистички податоци на територијата на општина Липково живеат околу 2.200 деца на возраст до шест години, како и дека изградбата на оваа нова градинка во Матејче е вистински потег во правец на решавање на овој предизвик.

Овој грант е дел од компонента 2 на Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светска банка. Досега, со средствата преку овој Проект, реконструирани  се  градинки во Ресен и Боговиње, а во тек е изградбата и реконструкцијата на уште осум градинки во Кавадарци, Неготино, Кочани, Струмица, Пробиштип, Крива Паланка и во скопските општини Кисела Вода и Ѓорче Петров, во кои ќе се згрижат уште  1349 деца.

Липково е една од 17-те општини која аплицираше и ги исполни условите од првиот јавен повик за доделување грантови за изградба на детски градинки и центри за ран детски развој. Наскоро ќе биде објавен нов јавен повик за доделување грантови за проширување на постојните и изградба на дополнителен број нови градинки ширум земјата. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Во добро расположение, публиката со маски и растојание од еден метар, ужуваше во безвременските хитови во изведба на Дарио, Џокси, Џафер, Лидија Кочовска, Трајче Манев, Ристо Самарџиев, Олгица Христовска.

Публиката со маски и дистанца го славеше 35-от роденден на „Макфест“

Вчеравечер се одржа 35-тото издание на фестивалот Макфест во Штип, а за прв пат на отворено...

Нашата потрага по вистината ја продолживме кај семејството Сам, останатите ликови во Медена земја. И тие се пожалија дека добиле само празни ветувања.

НИШТО ОД ВЕТУВАЊАТА : Атиџе не доби ни работа, ни песна- повторно остана сама со пчелите!

Ништо од ветувањата кои протагонистката од документарецот Медена земја пред четири...

Социјалните мрежи беа преплавени со позитивни коментари и критики за филмот, а секако веста со голема радост и неверување беше дочекана од тимот.

Солзи радосници: Еве како тимот на „Медена земја“ ја прими веста за номинациите

Цела Македонија се крена на нозе откако вчера македонскиот документарец „Медена земја“...

„Медена Земја“ е во трката за најпрестижната филмска награда на светот и тоа во категориите најдобар странски филм и најдобар документарен филм.

За прв пат во историјата : Медена земја номиниран во две категории за Оскар

Номинациите за Оскари денеска конечно се објавени, а нашиот македонски документарец...