Таа посочи дека вложувањето во раниот детски развој, претставува врвен приоритет на Министерството за труд и социјална политика затоа што градењето на една млада личност која треба да влезе во системот на образование е многу значајно за нејзиниот понатамошен развој.

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 јануари, 2021 15:51

Шахпаска: Општина Новаци ја доби својата прва градинка со капацитет за 50 деца, грижата за најмладите е наш приоритет

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска присуствуваше на отворање на новата детска градинка „Бамби“ во Општина Новаци.

„Отворањето на детски градинки во секое катче на државата останува приоритет  и исполнување на изборното ветување на оваа Влада  вградено во владината програма. За нас секое дете е важно, независно од тоа дали живее во големите градови или руралните средини, истакна министерката Шахпаска, која воедно изрази големо задоволство што градинката „Бамби“ е првата градинка која се отвора оваа година и прва градинка која ја добива Општина Новаци.

Таа посочи дека вложувањето во раниот детски развој, претставува врвен приоритет на Министерството за труд и социјална политика затоа што градењето на една млада личност која треба да влезе во системот на образование е многу значајно за нејзиниот понатамошен развој.

Државата и општината финансиски го поддржаа организирањето и  функционирањето на оваа јавна установа за која беше потребна финансиска конструкција од 9.500.000 денари. Од нив од буџетот на Општина Новаци  и Министерството за труд и социјална политика се издвоени 7.000.000 денари, додека пак 2.500.000 денари, средства обезбедени преку проектот- „Одржливо менаџирање на агро отпадот за загревање на рурални средини-Агрочејн, со што обезбедивме ефикасен и еколошки систем на загревање на градинката, истакна градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски.

Министерката потенцираше дека Владата на РСМ останува на планираната проекција до крајот на мандатот , до 2024 година, 60% од децата во државата бидат вклучени во процесот на воспитание и образование во предучилишните установи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Покрај спортската сала се предвидува и изградба на дополнителна просторија за физичко и во подрачното училиште „Кирил и Методиј“ во Страчинци.

Заев: Ќе градиме уште спортски сали за младите

Денеска претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со градоначалникот...

Затекнатиот долг од околу 175 милиони денари, за една година го намали на околу 90 милиони денари, односно долгот кон 156 фирми сега е сведен на долг кон 30 фирми. На почетокот од 2020 година, ова претпријатие имаше побарувања од околу 100 милиони денари, а на почетокот од годинава има побарувања од околу 128 милиони денари.

ЕДНА ГОДИНА ПОД ГРАД СКОПЈЕ – ДРИСЛА СТАНУВА СОВРЕМЕНА ДЕПОНИЈА

После долго време на некомпетентност и негрижа во работењето, за само една година откако...