Таа ја потенцираше транспарентната постапка за избор на професионалната Комисија за спречување и заштита од дискриминација, која има задача ефикасно, објективно, независно и принципиелно да работи во интерес на граѓаните.

Објавил: Стојче Бушин | 1 март, 2021 11:46

Шахпаска: Убавината на општеството ја прават различностите, денес го одбележуваме 1 март – Ден на нула дискриминација

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По повод 1 март – Денот на нула дискриминација, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, порача дека оваа Влада и Министерството за труд и социјална политика, направи сериозен исчекор во борбата против дискриминацијата.

Преку широка и отворена дебата успеавме да го усвоиме Законот за спречување и заштита од дискриминација. Законот јасно ги дефинира основите на дискриминација согласно Меѓународните конвенции и Европската регулатива. За прв пат како дискриминаторски основи ги вклучивме и сексуалната ориентација и родовиот идентитет, како дел од основните човекови права и слободи,“ истакна Шахпаска.  

Таа ја потенцираше транспарентната постапка за избор на  професионалната Комисија за спречување и заштита од дискриминација, која има задача ефикасно, објективно, независно и принципиелно да работи во интерес на граѓаните. 

„Градиме еднакво општество за сите, водени од тоа дека секој има право на достоинствен живот без оглед на возраст, пол, расна и етничка припадност или убедување. Секој човек е различен и секој човек има право на избор. Впрочем, убавината на општеството ја прават различностите,“ порача министерката Шахпаска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Освен Фетаи во Вишото обвинителство во иднина ќе работат и обвинителите Бурим Рустеми, Наум Пановски, Сашо Трајчев и Снежана Георгиевска.

Советот за јавни обвинители ја понижи Ристоска: „Разочарана сум“, што не бев избрана за виш јавен обвинител

Во изјава за „360 степени“, обвинителката Ленче Ристоска не го криеше своето разочарување...

Обвинителите Лиле Стефанова, Артан Ајро и Трајче Пеливанов, кои беа дел од поранешното СЈО, како и Наташа Поп Трајкова од Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Струмица и Катерина Колариќ од ОЈО Скопје ќе го засилат Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција со кое раководи Вилма Русковска.

Стефанова, Ајро, Пеливанов, Поп Трајкова и Колариќ се нови обвинители во тимот на Русковска

Тројца обвинители од поранешното СЈО и по една обвинителка од Скопје и Струмица ќе...

Претставниците на земјоделците го информираа претседателот Мицкоски дека обештетувањата уште не им се исплатени, иако поминал подолг период.

Мицкоски на средба со земјоделците од Арачиново и Гази Баба: Власта со години не им ги исплаќа средствата за обештетување

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со претседателот на Комисијата...

Битиќи изрази задоволство со тоа што со овој инвестициски проект дополнително ќе се влијае на зголемување на извозот во нашата земја, а поради тоа што воведување на нова производна линија во погонот во Кавадарци и отворањето на новиот производствен погон во Куманово, ќе отворат нови можности за граѓаните од овие општини, но и ќе влијаат на локалниот економски развој.

Нова инвестиција во Кавадарци и Куманово во вредност од 16 милиони евра и околу 1000 нови работни места

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација...