Швајцарската народна партија (SVP), која има најмногу мандати во паралементот, повика на референдум за укинување на Спогодбата за слободно движење на луѓето со ЕУ, која е на сила од 2002 година, го побара десничарската партија, а тоа дополнително ќе загрозеше уште шест билатерални спогодби со ЕУ.

Објавил: Владо Марин | 27 септември, 2020 19:20

Швајцарците убедливо го одбија планот за напуштање на договорот за слободно движење со ЕУ

Фото/Текст извор: ©нетпрес

Швајцарците со големо мнозинство го отфрлиле со референдумот во неделата предлогот на Швајцарската народна партија (SVP) за укинување на договорот за слободното движење на луѓето со Европската унија, покажуваат проекциите на телевизијата SRF.

Избирачите во Швајцарија истовремено плебисцитарно одлучуваа за уште неколку прашања.

Се чини дека го поддржале родителското отсуство за татковците и го отфрлиле предлогот да се отфрли ловот на заштитените видови како волците.

Исто така, гласале и за набавка на нови борбени авиони во износ од шест милијари швајцарски франци. Официјалните резултати се очекуваат подоцна во неделата.

Швајцарците со големо мнозинство го отфрлиле со референдумот во неделата предлогот на Швајцарската народна партија (SVP) за укинување на договорот за слободното движење на луѓето со Европската унија, покажуваат проекциите на телевизијата SRF!

Швајцарската народна партија (SVP), која има најмногу мандати во паралементот, повика на референдум за укинување на Спогодбата за слободно движење на луѓето со ЕУ, која е на сила од 2002 година, го побара десничарската партија, а тоа дополнително ќе загрозеше уште шест билатерални спогодби со ЕУ.

Односно, раскинувањето на еден договор, автоматски значи и раскинвуање на сите од таа група. Договорите се однесуваат на истражувања, земјоделство, технички бариери во трговијата, јавни набавки, копнениот транспорт и цивилниот воздухопловен сообраќај.

Референдумот се смета за важен тест за ставовите кон странците кои чинат четвртина од швајцарското население. Првичните делумни резултати од референдумот ги потврдуваат претходните анкети, покажауваат дека за иницијативата на SVP гласале 37 отсто, а против 63 отсто Швајцарци.

Од SVP сакаат Швајцарија има контрола над миграциите, а ергументите кои ги користат се слични кои ги наведуваат поборниците на брегзитот во текот на кампањата за излегувањето на Велика Британија од ЕУ. Ја претставија сликата на блиската иднина во која младите странци ги менуваат старите Швајцарци, недвижните поскапуваат, се гради нелегално, а училиштата и јавниот транспорт се со недоволни капацитети.

Противниците истакнуваа дека планот би им нанел штети со кои се потребни квалификувани работници, а излегувањето од договорот би го отежнал за швајцарскиот пристап до единствениот пазар на ЕУ.

Доколку референдумот минеше, владата би морала да го поништи договорот со ЕУ, доколку со преговорите спогодбата не би била доброволно укината.

Околу 68 отсто од 2,1 милиони странци, кои живееле во Швајцарија минатата 2019 година, го правеле државјани на ЕУ, на Исланд, Норвешка и на Лихтенштајн. Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Швајцарија ја прават Евроспката трговска слободна зона (EFTA), чиишто членки не се во ЕУ, се дел од единствениот европски пазар и Шенген. Од друга страна, околу 450.000 Швајцарци живеат во земјите членки на ЕУ.

Откако ќе бидат потврдени резулатите од референдимот во неделата, швајцатската влада која ја сочинува и SVP, може да се сврти кон најголемиот надоврешнополитички проблем – договорот со кој би се зацврстиле врските со ЕУ, а за кој критичарите велат дека укинува премногу од швајцарскиот суверенитет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...